• Latest

Ковачевски од Берлин: Заедничкиот регионален пазар ја зголемува атрактивноста на регионот за странските инвеститори и овозможува развој

November 3, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски од Берлин: Заедничкиот регионален пазар ја зголемува атрактивноста на регионот за странските инвеститори и овозможува развој

November 3, 2022 11:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Самитот за Берлински процес е историски затоа што доаѓа во време на продолжена криза и од истиот се очекува да произлезат конкретни чекори кои ќе ја зајакнат регионалната соработка во сите сфери, со што уште повеќе се зголемува неговата важност“ Ова го истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска на сесијата за Регионална соработка и заеднички регионални пазари во рамките на Самитот за Берлински процес во Берлин, Германија.

Дел од владината делегација која ја предводи премиерот Ковачевски во Берлин се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На дискусијата сите присутни изразија силна поддршка за членство на државите од Западен Балкан во ЕУ, со јасен став дека ЕУ нема да е целосна и успешна додека граѓаните од Западен Балкан не добијат пасоши со знамето на ЕУ. Воедно, присутните во своите излагања посочија дека Берлинскиот процес не е замена за членството во ЕУ, но е процес кој ќе обезбеди побрза интеграција на земјите од регионот.

Премиерот Ковачевски на првата сесија посочи дека денеска се исполнува клучен дел од обврските во рамките на заедничкиот регионален пазар, усвоени на Самитот во Софија пред две години, истакнувајќи дека сето ова е постигнато поради силната поддршка од Владата на Сојузна Република Германија, како домаќин на Самитот на Берлинскиот процес, Европската комисија и интензивната комуникација на експертите и администрациите од земјите од Западен Балкан.

„Нашата меѓусебна политичка волја и посветеност за регионалната соработка е резултат на меѓусебно признаени интереси кои дополнително нѐ поттикнуваат да работиме на развој на заеднички регионален пазар и зголемување на атрактивноста на регионот за странските инвеститори“, истакна премиерот Ковачевски на сесијата.

Премиерот Ковачевски рече дека на земјите од Западен Балкан вклучувајќи ја и Северна Македонија им претстои сериозна работа, затоа што дојде време кога ќе треба да се испорачаат суштински постигнувања во однос на подобрувањето на капацитетите, ефикасноста и конкурентноста на економиите и на регионот во целина, што ќе доведе до забрзан регионален економски раст и развој.

На сесијата, премиерот Ковачевски посочи дека Северна Македонија веќе ги отпочна преговорите со Европската Унија со заштитени идентитетски позиции, во тек е скринингот преку кој забрзано ќе се одвива реформската агенда на земјата, но исто така истакна и дека Европската Унија не е целосна без земјите на Западен Балкан и во таа насока треба да се интензивираат сите иницијативи кои ќе придонесат кон приближување на регионот до ЕУ.

Самитот на Берлинскиот процес кој годинава се одржува во Берлин прв пат по 8 години, има за цел да се интензивира соработката и регионалната поврзаност помеѓу земјите од Западен Балкан.

Лидерите од Западен Балкан заедно со претставниците на Владите од земјите од ЕУ, Обединетото Кралство и претставници на Европската комисија во текот на денот покрај дискусијата за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, ќе дискутираат и за енергетската стабилност и трансформација на Западниот Балкан, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ