• Latest

Седница на Економско-социјалниот совет: Антикризните мерки, Планот за фискална одржливост и економски раст и новиот ЗРО

November 4, 2022

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Седница на Економско-социјалниот совет: Антикризните мерки, Планот за фискална одржливост и економски раст и новиот ЗРО

November 4, 2022 19:08
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

 Економско-социјалниот совет денеска ја одржа четвртата седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, а беа присутни вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите  за финансии, информатичко општество и администрација Фатмир Бесими и Адмирим Алити. На седницата присуствуваа и претставници на работодавачите, репрезентативните и нерепрезентативни претставници на синдикатите.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, на денешната седница се дебатираше по девет точки, меѓу кои предлог-антикризни мерки на синдикатите, при што министерот Бесими посочи дека првата фаза при креирањето на мерките е брза реакција со општи антикризни мерки, со цел да се апсорбира шокот од инфлацијата. Организацијата на работодавачите, се наведува во соопштението, се согласи мерките да бидат таргетирани и воедно зборуваа за влијанието на цената на електричната енергија врз нивната рентабилност.

– По Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, уште еднаш од страна на владините претставници беше посочено дека нема да има отпуштања, ниту намалување на платите и согласно планот, се препорачува работа од дома  само онаму каде има можност за тоа. Ќе се воведе пракса во креирањето на планот на фискална одржливост секоја година да учествуваат и социјалните партнери. Во врска со новиот Предлог-закон за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници, министерот Алити изрази отвореност за соработка и вклученост на сите синдикати за предлози и коментари, информира МТСП.

На седницата беше презентиран и извештајот од Државниот инспекторат на трудот, за спроведени инспекциски надзори во врска со исплата на регресот за годишен одмор, во врска со повреди и примена на одредби од колективни договори (на сите нивоа), примена на одредби од Законот за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, повреди од областа на безбедност и здравје при работа, како и во врска со примена на Законот за минимална плата од страна на работодавачите.

– На седницата се зборуваше и за новиот Правилник за постапката за доставување и регистрирање на колективните договори и нивните измени до надлежниот државен орган и начинот на водење на евиденцијата на доставените колективни договори. Присутните се информираа и за Предлог-закон за родова еднаквост за кој веќе се во тек јавни дебати, а беше дадена и кратка информација за Предлог- законот за спречување и заштита од вознемирување на работа. Предлог-законот за заштита од вознемирување има првична драфт верзија и во нареден период треба да се разгледаат и предлозите од социјалните партнери, се наведува во соопштението. 

На крајот на седницата беше отворено и прашањето за подготовката на новиот Закон за работните односи, која трае подолго време, на што министерката Тренчевска истакна дека до крајот на годинава ова законско решение ќе влезе во владина процедура. Претходно ќе бидат одржани јавни дебати во девет градови, со цел да се слушне мислењето на сите релевантни чинители во општеството.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ