• Latest

Ескалираа состојбите меѓу Арсовска и Славески: прекината седницата на Советот на Скопје

November 8, 2022

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Ескалираа состојбите меѓу Арсовска и Славески: прекината седницата на Советот на Скопје

November 8, 2022 17:32
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Денешната седница за советнички прашања на Советот на Град Скопје, помина во атмосфера на отворена нетрпеливост меѓу претседателот на Советот, Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска, која му упати зборови како „господин Хитлер“, „деспот“ и „тиранин“, пренесува НоваТВ.

Откако Славески даде пауза поради неможноста да се користи говорницата во салата на Советот на Град Скопје бидејќи Арсовска му го „заплени“ копчето за вклучување и исклучување на микрофоните, седницата продолжи со порака од Славески со советниците да говорат од место или, пак, да седнат на помошното место до него каде може да се користи техниката.

Претходно тој го зеде микрофонот од говорницата и го стави под неговата маса откако службите не му го вратија копчето за вклучување и исклучување на микрофонот на говорницата.

Во тие моменти за збор се јави градоначалничката Арсовска, која Славески ја упати на микрофонот и местото до него, дофрлувајќи ѝ дека таа фотелја е многу поудобна од, како што рече, магарешките клупи во кои седи таа во задните редови од салата.

Арсовска, сепак застана на говорницата, со насмевка го проследи дофрлањето на претседателот на Советот, а потоа до неа дојде човек, веројатно од техничката служба на Град Скопје кој и намести мал микрофон т.н. „бубачка“.

Во истиот момент Славески повторно даде пауза од 15 минути бидејќи како што истакна повторно има неовластено користење на опрема и стана од своето место.

„Господине Хитлер не ви доликува да го правите овој циркус во овој Совет. Навистина е недолично тоа што го правите. Прво го кршите Уставот потоа сте ситен лопов и сте човек којшто краде и не е во ред тоа што го правите. Крадете. Тој микрофон е сопственост на Град Скопје и на службите“, му се обрати Арсовска на Славески.

По ваквите обвинувања тој се врати, застана пред неа прашувајќи ја „каде е украден микрофонот на што таа му возврати „тоа вие ќе кажете“.

И по втората пауза, повторно продолжи расправијата меѓу градоначалничката на Скопје и претседателот на Советот на Градот.

„За дванаесет месеци не научивте да водите седница и тоа само докажува дека вашиот капацитет е нула исто како што ви е интегритетот и согласно закон имаме право да избереме на кој начин ќе се изјасниме. Вие сте тука и деспот и тиранин“, рече Арсовска.

„И Хитлер сум, друго нешто имате?“, рече од своето место Славески, барајќи од Арсовска да ја напушти говорницата и да му го отстапи местото на советникот Шутаров.

„Немате право да одземате збор на градоначалник. Согласно Деловникот вие имате право да му го одземете зборот на советник, но не и на градоначалчникот“, реагираше Арсовска.

По ова Славески ја прекина седницата поради, како што рече, опструкции од страна на градоначалничката и заради нејзино недолично однесување.

„Единствено недолично однесување во оваа сала имате вие. Вие сте деспот и тиранин. Жал ми е што си ја завршивте кариерата како деспот. И немојте да ги организирате синдикатите против овој град. Вие директно му штетите на овој град со вашето однесување. Во два часот ако сте организирале да го тероризирате градот преку вашите политички синдикати да знаете дека граѓаните тоа го гледаат“, продолжи Арсовска додека советниците ја напуштаа пленарната сала на Град Скопје.

Седницата Славески ја презакажа за 14 ноември. Тој на почетокот на денешната седница, го повика Инспекторатот за локална самопурава да интервенира откако градоначалничката на Скопје му го одзеде копчето за вклучување и исклучување на микрофоните на советничката говорница.

И Славески и Арсовска попладнево си разменија соопштенија во кои продолжија меѓусебните обвинувања, со тоа што соопштението во име на претседавачот на Советот го издаде советничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку партиската централа, а Арсовска реагираше преку својот кабинет.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ