• Latest
Емилија Целакоска

Нултата компонента за заробување држава

November 16, 2022

Македонски блок 2025: Доминантните наративи проширени и надградени

September 18, 2025
Фото: Дехран Муратов, ЦИВИЛ

Протест „Ниту една повеќе“: Институциите молчат – жените гинат

September 18, 2025

Неделковски ја брани власта со навреди и сексизам: „СДСКомуњарска, победете на избори па сменете ги Панче и Христијан – дотогаш, попуши ми изнад колена“

September 18, 2025

Проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“ на власта и наративите во пресрет на локалните избори (1 дел)

September 18, 2025

Две години затвор за Лидија Димова, ќе треба да врати 22,7 милиони денари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

September 18, 2025

24 ЧАСА: ДИК, ДКСК и ДЗР со Меморандум за изборите; Ексклузивно со проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“; Пратеничките против насилство врз жени; Србија и Русија преговараат за нуклеарка

September 18, 2025

Рекорден број реакции на прашањето на ЦИВИЛ за воениот рок

September 18, 2025

Мицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди

September 18, 2025
Фото: МИА Архива

Жените – пратенички од Клубот на пратенички во Собранието упатија реакција за навремена и ефикасна реакција на институциите во случаите на насилство врз жените

September 18, 2025
Israel arrests people in West bank
Source: Al Jazeera

Масовни апсења на Израел во окупираниот Западен Брег

September 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Нултата компонента за заробување држава

November 16, 2022 15:16
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Емилија Целакоска

Емилија Целакоска

Share on FacebookShare on Twitter

ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

„Од А следува Б“. Дали сме свесни дека од ова А=>Б произлегува целата наша технолошка цивилизација и воедно, сиот наш здрав памет.

Ново А=>Б, со помош на претходни а=>б се воспоставува тешко, со научно откритие. Кога ќе се открие некоја поблага закономерност, со помош на статистички методи, на пример, 70-процентна, се решава проблемот сѐ до суштинско докажување на 100-процентна закономерност. За, ако важи А, да знаеме дека ЌЕ важи Б. Постигнатите следства А=>Б ги чуваме и негуваме. Таа нега на вакво чувствително ‘ркулче на интелигенција какво што нема друго во познатата наша вселена, сме ја оствариле во вековите пред нас, скоро редовно пропратена со забрани, палења, спалувања, затворања, убивања, истоштувања, жртви…

Знаеме ли денес да го цениме и да го разбереме овој успех на рационалната мисла? Вредност дадена в раце како подарок од самото раѓање, највидливо во облик на магија од електрични, механички направи и инфраструктури, за комоција и поквалитетен живот. Намерното и правилно користење на оваа прецизна алатка ни дава смисла и на нашето поединечно, и на колективното живеење, а со неа и си ги подобруваме животните услови: Мир со доволно ресурси, наместо колења и жртвувања за ресурси, а со тоа, создавање услови за самореализација – уверение дека нашите дејства имале смисла, го подобриле светот, животот. Од подобрите услови за живот А, да следуваат уште подобри услови за живот Б. Тоа правило е и онака основната интелигенција на еволуцијата, почнувајќи од вирусот кој тоа го работи на слепо со прекумерно размножување и мутации, па сѐ до нас. Но ние, луѓето, суштински ја откривме врската „=>“.

За разлика од нејзиното користење што ни овозможило експоненцијален тренд на технолошки развој, негата и надградбата на „=>“ од аспект на здраворазумност е страшно спора. Човештвото, можеби конечно би можело да се пофали дека има глобална култура на користење и развој на А=>Б, да не се оние чести празнини, пустелии, без најосновно препознавање на таа вредност, како некоја неприродна шуга низ народите, заразувајќи, загрозувајќи постигнати, воспоставени А=>Б преку фалсификат на процесот на утврдување на следствата. Луѓето кои од разгаленост во уживањето на комотностите што „=>“ им го пружило, почнаа да бидат задоволни и со 70% од „=>“ во смислата на здрав разум. И со 50% од „=>“ на таа смисла. Некои и му го заборавија вистинското значење и стигнаа до 0% на разбирање на „ако-тогаш“ – следството, што е всушност, карактеристично за неживата материја.

Пропагандата на авторитарните водачи ја прегрна таа мрза и истурка до реалност острови од деструкција на „=>“ во негативни проценти. Односно, следството А=>Б го доведе до подолу од 0%, односно во минус, помалку од имање статус на незначење на ништо, односно до дејства на сѐ спротивно со здрав памет, добробит, но и самоодржување. Со 0% од значењето, самата природна смисла на следството барем би добила случајни шанси да се поткрене на позитивен процент, како што прави вирусот со случајна мутација, на пример, или некоја неорганска честичка со Брауново движење. Но, пропагандата ја свртува, до таа мерка ја прекршува закономерноста на следството, што не само што задолжително добивате А=>спротивно на А, туку и ќе го живеете тој апсурд за да се самоуништите. Не „додека“, против своја волја. Туку „за да“, волно. За вакво дејствување не е доволно да се биде луд, мртов или неорганска материја. Тоа е процес на свесно исклучување на разумот низ отстранување на познатите, усвоени, докажани следства (слично на рамноземјаштвото) и потоа позајмување на своето тело на самата деструкција и воедно самодеструкција. Да се небиде и антибиде, како антиматерија, антиинформација, антибивствување. А луѓе се сложуваат на тоа. Во 21-ви век, таа религија ја прифатија приврзаниците на Трамп, на Орбан, овде – на Груевски…Тие, пак, нескриено разгазија по стапките на Гебелс и неговиот шеф, од нецел век порано.

Целосното сопствено анти-бивствување го постигнаа ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов и нивните тепачи на 27-ми април 2017-та. Вечерта, го достигнаа  минимумот од минус 100 проценти на здраворазумие, односно чисто антиразумие. На ниво на држава, доживеавме момент на квантна флуктуација меѓу тотална деструкција во ништовило и нов  ‘ркулец на здрав разум. Ова е осведочено и низ светски научни списанија, не само весници. ВМРО-ДПМНЕ е означена како структура која го проголтува општеството и државата, како црна дупка.

“How Do Political Parties Capture New Democracies? Hungary and North Macedonia in Comparison” од Киран Роуз Ауербах и Џенифер Картнер од Норвешка и Австрија, објавен во списанието Источноевропски политики и општества (Sage journals, 1.225 импакт фактор, значи, сериозно списание), методично го разглобуваат изумот на волно согласување со општествена самодеструкција преку заробување на државните институции, конкретно, од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Всушност, научничките откриле 4 компоненти во заробувањето на една држава, на примерите со Фидес и нашето ВМРО-ДПМНЕ. Но, предуслов за која било од тие 4 компоненти да им функционира на заробувачите е погубувањето на значењето на врската „=>“ и тоа, за што е можно поголем број луѓе. Научничките велат, заробувачите како прв чекор може да користат вистинска криза или можат да креираат вештачка криза. Но, што е вештачка криза, освен криза на мислењето, криза на значењата на работите, криза на А=>Б. Тоа е нултата компонента, претчекор, копчето кое ВМРО-ДПМНЕ секогаш го држи на ON.

Во чести интервали ВМРО-ДПМНЕ ни приредува шокови за криза на мислата, со цел да ги оствари четирите чекори на заробување на државата, а на примерот од Фидес се знае дека барем три компоненти се можни и од опозиција. На пример, еден голем нулти чекор ВМРО-ДПМНЕ прави, практично отсекогаш (копчето на ON…), но поинтензивно од април годинава, до денес: Ја квачи и испилува црната дупка од фашизмот на Ванчо Михајлов, со тврдењата „А“ за сопствениот континуитет со него и воедно, тврдењата „спротивно на А“, за не-нивен (на својот противник на власт) континуитет со него. Важно им е некакво значење на фашистички континуитет да лебди во атмосферата, да не е битно од која страна, да не, случајно, неутроните се електризираат на некоја страна. Се знае дека и самиот спомен на фашизмот носи силен полнеж со себе и тој може подоцна да се спушти на земја за лична употреба на предните ешалони. Но сега, употребната вредност му е да си останат постоечките и да се регрутираат нови души со паролата „сите се исти“. Тоа се уште некои, преостанати од нас, кои имале праг, кој до тој момент со сигурност не би го поминале – проширување на здраворазумноста кон фашизмот. Верувајќи му на заробувачот, го поминале и тој праг, со паметот, разумот, во неговите канџи.

До ден-денес никој не знае кои вредности ги застапува ВМРО-ДПМНЕ. Можат да се набројат антивредности веднаш, или против кои вредности се залага. И едното, и другото беа особено изразени во нивното шефување до мај 2017. Не само антипрогресивни дејства, туку директно регресивни, уривање и корнење од корен на работи кои функционирале и воспоставување на карикатури од процедури и институции. Тоа не е ни десничарство. Воопшто не е ни конзервативизам, звукот на тој поим го користат за шминка. На прашањето дали се десни, леви или центар, за нив одговорот е „на дното”. Друга димензија. Антиматерија, спротивност на секој креативен акт, секаква идеја, секоја добробит. Како да се комуницира со такво нешто?

Но, скокот од  минус  во плус на значењата, за никого не била полесна како за формалниот шеф на ВМРО-ДПМНЕ денес. Само треба да стане вистински шеф на својата партија така што ќе се тргне од скутот на Груевски, низ разбирањето дека треба да направи сѐ, за државата во која живее да ја искористи приликата да биде членка на ЕУ. Всушност, и така некоја нова кукличка на Груевски би го отстранила од позицијата, а не „францускиот предлог“. Прилика за рестарт и рефреш, како никоја друга досега, му е да им дозволи или нареди (слободно нека си користат позитивни еуфемизми за „нареди“) на пратениците од партијата да гласаат дека 3504 луѓе во Македонија, со етницитет на еден сосед се еднакви во правата со етницитетите на други соседи и пријатели на Македонија. Да го нарекуваш тоа „цена“ или „уцена” за влез во ЕУ е деструкција и самодеструкција, генерирање камчиња и песок во својот здрав памет и паметот на своите следбеници. Тоа е таква добивка, што дури и малите деца си ја почитуваат, што значи е аксиома: Да го разликуваш другиот од себе. А му овозможуваш нормални човечки права. Можеби шефот-грејач на столче-на ВМРО-ДПМНЕ ќе си остане дрвен Пинокио, без интелигенцијата на А=>Б, т.е. дека држава во ЕУ => развој на државата, но да се надеваме дека приказната за Пинокио е уметнички искажан закон на битието: Просветлението стигнува навреме.

Извор: Фронтлајн


Текстот е личен став на Авторката. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    242 shares
    Share 97 Tweet 61
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    232 shares
    Share 93 Tweet 58
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ