• Latest

Владата ја продолжува реконструкцијата на белегот на Скопје, Арсовска ја остави Универзална сала разурната повеќе од една година

November 17, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата ја продолжува реконструкцијата на белегот на Скопје, Арсовска ја остави Универзална сала разурната повеќе од една година

November 17, 2022 14:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се очекува да се формализира решението околу тоа како ќе продолжи реконструкцијата на објектот на Универзалната сала, откако на владина седница беше донесена одлука да се издвојат финансиски средства и евентуално централната власт да го финализира објектот. Се очекува одговорноста да ја преземе Министерството за култура, по неуспехот на градоначалничката Данела Арсовска, која пак дополнително го комплицираше и опструираше процесот, а објектот остана разурнат.

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов вчера заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше на средба кај градоначалничката Данела Арсовска. Пенов изјави дека тие добиле согласност од Арсовска за Универзална сала целосно да ја преземе Министерство за култура.

-Имаме комплетна согласност заеднички да работиме на тој проект, со тоа што Министерството за култура ќе ја преземе Универзална сала, изјави по средбата министерот Пенов.

Според информациите, доколку градоначалничката Арсовска одбие да ги предаде ингеренции, тогаш Владата планира овој објект да го прогласи за објект од национален интерес, па така автоматски реконструкцијата да падне во рацете на Министерството.

Од прес-службата на Град Скопје потврдија дека градоначалничката Данела Арсовска, заедно со минитрите Ристо Пенов и Бисера Костадиновска Стојчевска донеле заеднички заклучок во однос на Универзална сала, дека треба да продолжи нејзината реконструкција како проект од поширок државен интерес.

-Донесовме заеднички заклучок дека изградбата на Универзалната Сала во Скопје е од исклучителен интерес за скопјани, но и за цела Македонија. Се договоривме дека во следните денови ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение за да продолжи изградбата во интерес на граѓаните и за истото ќе ни се обрати Министерството со писмено барање за што ќе се изјасниме откако ќе го добиеме официјалното барање, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Па така, сега се очекува Министерството за култура и официјално да ја започне постапката за преземање на Универзалната сала во Скопје. Ова следува откако реконструкцијата што ја започна претходниот градоначалник Петре Шилегов сега веќе подолг период тапка во место.

Реконструкцијата на концертната сала започна во октомври минатата година. Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2020 година, Владата и парламентарното мнозинство за овој култен објект во Скопје, одвоија средства во износ од 120 милиони денари.

Пред започнување на реконструкција на Универзалната сала, Шилегов истакна дека во текот на 2021 година Универзална сала, во еден нов сјај ќе им се врати на скопјани и ќе продолжи да биде култно место, каде што е целокупната историја на современа Македонија.

– Со обезбедените буџетни средства конечно се создадени услови за отпочнување на целосна реконструкција на овој објект во постоениот облик и габарит, одржувајќи го својот автетичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. На овој чекор се одлучивме после широката подршка која што јавноста ја даде за идејата да се сочува Универзалната сала во постојната форма, на постојната локација, што пак не значи дека сме се откажале од идејата и за нова концертна сала со придружни други конгресни капацитети на друга соодветна локација, изјави тогаш Шилегов.

Сепак, со промената во фотелјата во Град Скопје, Арсовска започна да ја опструира реконструкцијата. Градоначалничката кога стапи на должност рече дека проектот за реконструкција на Универзална сала не е безбеден, додека пак проектантското биро реагираше дека проектот е професионално сработен и целосно безбеден, а јавноста е се уште во исчекување дали некогаш Универзална сала ќе профункционира повторно, како некогаш.

Дури и денес Арсовска останува на својот став и покрај критиките од стручната фела.

-Универзалната сала е симбол на Скопје и споменик на културата, и за нејзино возобновување е потребно издржано и заедничко решение кое истовремено ќе биде и безбедно, се истакнува во вчерашното соопштение од Град Скопје.

Уште кога Арсовска приреди скандал пред Универзална сала на крајот на минатата година, реагираа од Асоцијацијата на архитекти. Оттаму истакнаа дека политичарите не се стручни да ја оценуваат безбедноста на Универзална сала, туку дека тоа го прават инженерите.

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти, Мишко Ралев за медиумите изјави дека единствено експертите по архитектура и градежништво се  единствени коишто можат да изработат проект и да го евалуираат проектот, а во тоа да не се впуштаат политичарите. Зошто е важно политичарите да ги тргнат рацете од архитектурата, градежништвото и урбанизмот Ралев тогаш кажа:

„Затоа што сме сведоци на постојани аматерски евалуации на тоа што е добро а што е лошо. Ако веќе некој претходно се договорил односно решил да се реконструира тој објект независно дали е култно место, независно дали е потреба за културен објект на тој дел на Скопје или за целиот град, нема смисла заради нас граѓаните да се доведуваат во прашање претходните одлуки“ – вели претседателот на Асоцијацијата на архитекти, Мишко Ралев.

Според него, за еден град од над 600 илјади жители не е доволно само една сала за филхармонија, или една сала за опера, туку се потребни низа други објекти од културата кадешто луѓето ќе имаат каде да отидат и да ги посетат тие културни настани, еден таков објект е Универзална сала која е потреба на граѓаните, а не луксуз.

Сепак, Арсовска продолжуваше да обвинува дека проектот не бил безбеден, а проектантот тврдеше дека тој е направен според сите стандарди и одобрен од ИЗИИС.

-Да ги плашите луѓето дека е небезбеден е крајно некоректно, објектот е во градба не може да се каже дека е небезбеден. Да не влегуваме во политиканство туку ние дојдовме да збориме за струката, рече Искра Јанковска-Михајловска, која е претседателката на Собранието на Асоцијација на архитекти на Македонија.

Инаку, Универзалната сала е изградена во постземјотресно Скопје, со финансиска помош од повеќе држави меѓу кои Авганистан, Австралија, Аргентина, Боливија, Бразил, Ирак, Иран, Индонезија, Израел, Јемен, Сирија, Турција и многу други. Овој објект е траен симбол на меѓународната човечка солидарноста на обновата на Скопје на 26 јули 1963 година. И покрај ваквите факти и посебниот белег кој скопјани го имаат за Универзалната сала, овој објект во моментов е се уште со соголена фасада, разурнат и одамна не е место за кое жителите на Скопје навикнаа да е домаќин на културни настани.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ