• Latest

Панел на ЦИВИЛ: На чија услуга е балансерот?

November 24, 2022
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Панел на ЦИВИЛ: На чија услуга е балансерот?

November 24, 2022 12:34
in МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ одржува јавен настан на тема „На чија услуга е балансерот“.

На панелот се отвораат прашања во однос на балансерот при вработување на административни службеници, а во контекст на процентуалната застапеност на етничките заедници во земјава, (зло)употребата на алатката, и можни решенија како што е понатамошното функционирање, но со поинаква регулација, или отстранување на истата.

Учесници се Јетмир Асани, претседател на совет на Општина Чаир и Суад Скендери од Ромалитико.

Панелот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“  кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи и европски политики на Големото Војводство Луксембург.

-Често се случува Гостивар да биде еден од примерите за негување на мултикултурализмот, односно меѓуетничките односи се на високо ниво и се почитуваат правата на сите заедници. Можам да кажам дека тој примат Општина ГОстивар го носи од многу одамна. Во рамки на балансерот, морам да кажам дека тој ја нанесе најголемата штета првенствено за ромската заедница. „Ромалитико“ години наназад ги анализира повиците за позициите кои се отвараат за државниот и јавниот сервис. Се уште стоиме на 1,3% на застапеност, а треба минимумот да биде 2,6%. Се уште стоиме на 0,3% за разлика од останатите заедници. Ромите се уште се презастапени во јавните комунални претпријатија. Значи во јавните комунални претпријатија имате најмногу Роми, но кога зборуваме за државните органи, за јавната администрација, тогаш најмалку се застапени Ромите, изјави Суад Скендери од „Ромалитико“.

-Со развојот на сите случувања во државата, балансерот најпрво претставува математичка формула, пресликана во алгоритам кој треба да помогне на јавната и државнат администрација, односно застапеноста да биде за сите заедници. Таа формула или балансерот како целост претставува сериозен проблем запомалите етнички заедници, посебно за Ромите, само затоа што балансерот знае да направи грешки. Балансерот знае да фаворизира некои етнички заедници, балансерот знае да направи поголема штета отколку корист за заедниците, додава Скендери.

-Се наоѓаме во длабока криза на разбирањето на мултикултурализмот и во застапеноста и правичноста посебно во јавните органи. Големата идеја на балансерот беше да почуствуваме дека сме дел од државата. За да почуствуваме дека сме дел од државата и општествените текови, треба да бидеме во тие текови. Само во последните три месеци, во објавените повици за државната и јавната администрација имате пет отворени позиции за Роми, потенцира Скендери.

Во Општина Чаир балансерот не се злоупотребува

-Советот е мултиетнички. Чаир е една од најмултиетничките општини. Живееме добро, немаме проблеми. Имаме и етнички, родов, социјален баланс во општината. Можам да кажам дека Чаир е една општина каде не се злоупотребува балансерот и токму Општина Чаир треба да се земе како пример за тоа како балансерот треба да функционира, Јетмир Асани, претседател на совет на Општина Чаир.

-Но морам да кажам дека тие коишто го направиле балансерот оставиле дупки за да може да се злоупотребува, додаде Асани.

Скендери од „Ромалитико“ вели дека они имаат препораки со кои што секој квартал ќе биде проследен до одговорните институции за балансерот, како што се Министерството за политички систем, Агенцијата за правилност. Значи има сет на институции кои се директно вклучени. Препораките не се ништо сериозно поразлични од година в година, затоа што упорно истото го велиме – застапеноста при вработувањата е елемент кој треба да биде запазен.

Дамјан Варошлија

камера и монтажа: Александар Ризински

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ