На вчерашниот натпревар помеѓу Португалија и Уругвај вниманието го привлече прекинот во 51. минута кога на теренот втрча навивач со ЛГБТ знаме, но и маица со која испрати порака за „спас на Украина“, но и бараше правда за жените во Иран.
Како што пренесува Спортски.мк, станува збор за италијански фудбалер по име Марио Фери. Интересно е што тој играше во Конференциската лига.
Во овој момент тој настапува за нисколигашот Кастел Ди Сангера, но на почетокот на оваа сезона играше за Тре Фиори од Сан Марино и со оваа екипа стигна до квалификациите за Конференциската лига каде што доживеаа елиминација од Фола Еш од Луксембург.
Треба да се знае дека ова не е првпат тој да прекине натпревар, исто така истрча на теренот и пред 12 години на Мундијалот во Јужна Африка во полуфиналето помеѓу Германија и Шпанија.