Украинската противвоздушна одбрана денеска собори голем дел од руските ракети истрелани кон Украина, а работниците веќе почнаа да работат на обновување на снабдувањето со енергија, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Русија го изврши последниот во серијата воздушни напади врз Украина, уништувајќи домови на југ и енергетска инфраструктура во северниот дел на земјата, соопштија украинските власти, пренесе Ројтерс.
Во нападите загинаа најмалку две лица.