• Latest

Нацевска: Усогласувањето со ЕУ во однос на монетарната политика е во напредна фаза

December 13, 2022

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Нацевска: Усогласувањето со ЕУ во однос на монетарната политика е во напредна фаза

December 13, 2022 10:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Усогласувањето на правната рамка со законодавството на Европската Унија во областа на монетарната политика е во напредна фаза, истакна вицегувернерката Емилија Нацевска во своето излагање на конференцијата организирана од страна на Секретаријатот за европски прашања, насловена „На европскиот пат, нови реформи, нови можности!“, соопштуваат од Народната банка.

– Обезбедувањето и одржувањето на независноста на Народната банка е од витално значење за да се исполни улогата на централната банка како гарант на макроекономската и финансиската стабилност, што е од особена важност за ЕУ при оцената на ова поглавје, а воедно и еден од основните предуслови за привлекување на странските инвеститори. Монетарната политика е и ќе биде насочена кон одржување на ценовната стабилност на среден рок, зајакнување и одржување на независноста и кон јакнење на капацитетите и исполнување на стандардите за пристап до европскиот систем на централни банки, посочила вицегувернерката Нацевска.

Од Народна банка известуваат дека таа се осврнала и на постигнувањата и усогласеноста коишто ги има постигнато НБ и во други сфери во рамки на нејзиниот мандат.

– Во процесот на преговори, сè до влезот во ЕУ, Народната банка ќе работи на натамошно усогласување на регулативата во повеќе сфери од своето делување. Ќе се работи кон понатамошно усогласување во доменот на банкарската регулатива со цел одржување стабилен и здрав, но и поконкурентен банкарски систем, водејќи сметка за соодветна заштита на потрошувачите. И натаму ќе се обезбеди непречено и безбедно вршење на платежните услуги, но во поконкурентно окружување со нови даватели на платежни услуги покрај банките и поголема транспарентност за видот на услугите и цената на надоместоците, во согласност со европските регулаторни барања и стандарди, истакнала Нацевска на конференцијата.

Вицегувернерката нагласила дека со новиот Закон за финансиска стабилност, усвоен оваа година, се преземаат чекори за зајакнување на институционалната рамка за обезбедување финансиска стабилност, при што централната банка има водечка улога во развојот и спроведувањето на макропрудентната политика и финансиската стабилност.

Од аспект на плаќањата и платежните услуги, вицегувернерката истакнала дека Народната банка подготвила повеќе соодветни подзаконски акти за спроведување на Законот за платежни услуги и платни системи, во значаен степен усогласен со директивите и прописите на Европската Унија од оваа област.

Во однос на прашањето за очекуваните ефекти од приклучувањето кон внатрешниот пазар на ЕУ врз макроекономската стабилност и македонската економија, вицегувернерката нагласила дека не само интеграцијата туку и целокупниот реформски процес на земјата со цел исполнување на европските стандарди, како и кај земјите од Централна и Источна Европа кои веќе се дел од економската и / или монетарната унија, делува поволно и на потенцијалот за раст на економијата и на нејзината стабилност.

Од НБ информираат дека Нацевска додала оти нашите услови се потешки, со оглед на последователни кризи, што уште повеќе ја нагласува потребата од забрзани внатрешни реформи за подобрување на конкурентскиот профил на економијата, зголемување на продуктивноста и поттикнување на инвестициите во сектори коишто ќе значат воведување нови и иновативни технологии коишто ќе ја зголемат додадената вредност во економијата.

Tags: ЕУинвестициинародна банкаНацевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ