• Latest

Бислимоски: Ако се прифатат барањата на ЕВН, МЕПСО и на „Електродистрибуција“, струјата ќе поскапи

December 26, 2022

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: Ако се прифатат барањата на ЕВН, МЕПСО и на „Електродистрибуција“, струјата ќе поскапи

December 26, 2022 14:42
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Барања за промени на цените од 1 јануари во Регулаторна комисија за енергетика досега поднеле АД МЕПСО за пренос на струја, Електродистрибуција за дистрибуција на електричната енергија и „ЕВН хоум“ за универзално снабдување, а ако РКЕ ги прифати сите нивни барања, цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ќе се зголеми четири проценти или 4,72 % ако се пресмета и враќањето на ДДВ-то од пет на десет отсто.

Во следните неколку дена РКЕ ќе ги разгледа сите барања на компаниите и ќе донесе одлука дали ќе ја покачи цената за овој процент или ќе има помала корекција на цената во однос на периодот од јули до декември 2022.

„Досега барања поднесоа АД МЕПСО за пренос на струја, Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија и ‘ЕВН хоме’ за универзално снабдување на струја. МЕПСО, имајќи предвид дека денеска ќе биде тендерот за електрична енергија, оди со цена за набавка на загуби до 220 евра за мегават-час и во своите калкулации побарал зголемување на цената за пренос на електрична енергија од 29,75 отсто.

Количините за технички загуби на струја во дистрибутивната мрежа се обезбедени од ЕСМ за цена од 110 евра за мегават-час и врз основа на тоа „ЕВН дистрибуција“ бара намалување за нејзината услуга од 2,8 %.

„ЕВН хоме“ за првите шест месеци од 2023 распиша тендер за набавка на електрична енергија, на кој единствен понудувач е АД ЕСМ, со цена од 56 евра за мегават/час. Потребите за увоз на струја се за домаќинствата и малите потрошувачи. Ова е зголемување од 16,67 отсто во однос на претходната цена.

Но, со фактот што нема увоз на струја и, дополнително, што трошокот за обновливи извори е префрлен на слободниот пазар за да им се помогне на тие компании таму, просечната набавна цена на регулираниот пазар за малите потрошувачи и домаќинствата во споредба со претходната одлука има зголемување од пет проценти. Уште од сега можам да потврдам дека трошокот за дистрибуција на електрична енергија ќе биде намален, а блоковите ќе останат исти засега“, рече Бислимоски на прес-конференција.

Тој ја искористи можноста да им се заблагодари на луѓето во ЕСМ и на вработените во ТЕЦ „Неготино“ затоа што производствен капацитет од 1979 година, по 43 години, успеале да го активираат и денеска да работи со двата котла.

 

Tags: ЕВНрегулаторнаструја
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ