Меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина денеска во утринските часови доби закана за бомба, која подоцна се покажа дека е лажна.
Портпаролката на аеродромот Валентина Гара соопшти дека патниците и персоналот се евакуирани и се безбедни.
„Потврдуваме дека добивме закана со бомба. Патниците и персоналот се евакуирани и се безбедни. Екипите вклучени во планот за вонредни состојби ги извршуваат своите работни задачи“, напиша Гара социјалните мрежи.
Во меѓувреме, косовската полиција соопшти дека заканата за бомба на меѓународниот аеродром во Приштина „Адем Јашари“ била лажен аларм „со конкретни цели“. Според полицијата, извршени се проверки во објектот и ништо не е пронајдено.
Н. А.