• Latest

Гир: Времето до изборите во 2024 година да се искористи за суштински реформи

January 9, 2023
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гир: Времето до изборите во 2024 година да се искористи за суштински реформи

January 9, 2023 13:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За Северна Македонија фокусот во 2023 година мора да биде на реформи. Реформи кои пред се и над се ќе бидат на барање на граѓаните и на нивните интереси. Патот напред, темпото на тие реформи и напредокот кон ЕУ сега зависи од вас. Сега е моментот кога треба да се надоврзете на оној поттик којшто се случи во 2022 со почнувањето на преговорите. Времето отсега до изборите во 2024 година треба да се искористи токму затоа, да се турнат напред оние толку потребни реформи за кои сите знаеме кои се и што е потребно да се направи.

Ова го порача евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието, на кој шведската амбасадорка во земјава Ами Ларсон Јаин ги претстави приоритетите на претседавањето на нејзината држава со Советот на ЕУ, пренесе МИА.

Гир подвлече дека 2023 година ќе биде решавачка за ЕУ, за Западен Балкан и Северна Македонија. 

-Живееме во историски времиња со целата болка, со сите тие тешки моменти што ни се случуваат. Но, исто така има и еден силен порив за одлучност за да се движиме напред. Се сеќавате на извештајот од минатата есен што го разгледувавме токму во овој законодавен дом, а што дава јасни насоки. Од клучна и највисока важност е владеењето на правото. Ова беше особен фокус и загриженост од страна на граѓаните минатата година. ЕУ, земјите членки и други држави партнери потрошија милиони во овој сектор така што праведно е да се очекува  да има и одредени резултати. Северна Македонија има потреба од професионален и од независен правосуден сектор вклучително и обвинителство. Луѓе коишто делуваат со интегритет ослободени од политички притисок или финансиски поттик. Главен приоритет треба да биде и борбата против организираниот криминал и корупција. Таа борба треба да има дополнителна енергија бидејќи ЕУ од блиску ќе го следи развојот на настаните во овој дел  – во делот темелници од првиот до последниот дел од преговарачакиот процес. Владата секако го води тој процес, но и Парламентот е во срцевината, истакна Гир.  

Тој нагласи дека опозицијата истовремено треба да ја одигра својата улога во ревидирање на политиките и осигурување на конзистентност на законските текстови со европското законодавство.

-Европската интеграција бара целосна посветеност. Европските стандарди и вредности не се воопшто од она што го очекуваат вашите граѓани од вас. Владата, Парламентот, државните институции, локалните институции, како и сите политички актери на политичкиот спектар заедно со граѓанското општество треба сите заедно да работат за да се напредува во делот на европските реформи како дел од еден национален проект. Станува збор за преземање на практични реформски чекори едно по едно што вклучува работење заедно за да се постигнат заеднички позиции на Уставниот суд, аудиовизуелниот сектор, заменик Народниот правобранител и цела една серија на закони коишто се потребни за реформите во овие сектори да се придвижат веднаш, подвлче Гир.  

Евроамбасадорот повтори дека патот кон членството во ЕУ нема да биде лесен.

-Но, имате почнато со реформи во важни области, а некаде сте дури понапред и од други држави, од европски држави. Измените на Уставот со цел вклучување на граѓаните коишто се самоопределуваат како Бугари останува суверена одлука на Северна Македонија, но исполнувањето на тоа е потребно за да се задржи моментумот во преговорите. Станува збор за одлука која што не зависи од никој друг освен од вас, истакна Гир.  

Евроамбасадорот нагласи дека да се стане членка на ЕУ не се губи националниот идентитет.

-Уште еднаш дозволете да појаснам дека  да се стане член на ЕУ на никој начин не го одзема вашиот јазик или националниот идентитет. Неодамна потпишаниот договор со ФРОНТЕКС е доказ за тоа. Носи сигурност и безбедност за вашите граници, но истовремено и првиот договор помеѓу Северна Македонија и ЕУ потпишан и преведен на македонски јазик и на сите други 24 јазици на ЕУ при што сите јазични варијанти се еднакво важечки. Да, тешко е, но ситуацијата може да се разреши и повеќе држави од регионот покажаа дека такво нешто е можно. И бидете сигурни дека ЕУ ќе стои цврсто до Северна Македонија до секој чекор од нејзиниот пат до ЕУ. Ќе се справуваме со сите можни предизвици на тој пат заедно, подвлече Гир.  

Тој повтори дека оваа година нема да биде вообичаена година за Европа, за Западниот Балкан и за Северна Македонија. 

-Минатата недела бев во Делчево. Градоначалникот ја искористи приликата да ми ја прикаже онаа практична хуманитарна поддршка која што граѓаните на Делчево има дадено за Украина. Тоа се мали но значителни и значајни чинови и не смее само овој пример. Овој пример го следат многу градови и населени места во ЕУ. Како држава, пак, Северна Македонија покажа исклучително лидерство во однос на ова дефинирачко прашање, вклучително и фактот дека се придружи целосно кон европските политики визави Украина на меѓународните форуми што се однесуваат меѓу другото и на имплементирање на санкции за оние кои се одговорни за оваа војна, рече Гир.  

Тој и честиташе на Северна Македонија за преземањето на претседавањето со ОБСЕ.

-Сепак, руската војна против Украина создаде и големи предизвици за нас особено во делот на енергија, на снабдување со храна предизвикувајќи големо зголемување на цените на енергенсите и на храната и сите работиме активно на контролирање на таквата состојба. ЕУ беше првата која што дојде со поддршка за државава и за регионот и соочени со кризата ќе дадеме уште 18 милиони евра оваа година во таа насока. Ќе следуваат и речиси половина милијарда евра за Западниот Балкан како целина за да може да му се помогне на регионот да се соочи со предизвиците како што се зелена транзиција, климатски промени и ќе продолжиме заедно да работиме на овие прашања, рече евроамбасадорот.  

Во 2022 година случувањата во Украина се преслика низ целиот регион, додаде Гир, со тоа што фрлија силно светло врз она што ние многу го вреднуваме, највисоко го вреднуваме, а тоа е мир, демократија, слобода, меѓународна соработка и напредок преку мултилатерализам заснован меѓународен систем, а не доктрината на тоа дека посилниот е секогаш во право

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ