• Latest

Ратификацијата на Договорот за Фронтекс на собраниска седница

January 10, 2023

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Ратификацијата на Договорот за Фронтекс на собраниска седница

January 10, 2023 08:51
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 99. седница на која на дневен ред меѓу точките е ратификацијата на Договорот меѓу Република Северна Македонија и ЕУ за оперативните активности спроведени од страна на ФРОНТЕКС – Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во земјава.

Со Договорот, кој е прв ваков договор меѓу Северна Македонија и Унијата потпишан на македонски јазик, се уредуваат сите прашања неопходни за распоредување тимови за управување со границите од постојаниот корпус на Европската гранична и крајбрежна стража во Репулика Северна Македонија при што членовите на тимот може да вршат извршни овластувања на територија на државава.

Спроведувањето на договорот во земјава е во надлежност на Министерството за внатрешни работи. Согласно Предлог законот за ратификација на договорот, неговата имплементација треба да стапи во сила на првиот ден од вториот месец по датумот на кој страните меѓусебено се известиле за завршувањето на внатрешните правни процедури.

Договорот за ФРОНТЕКС, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше потпишан во Скопје на 26 октомври 2022 година. Параф на документот во свечената сала на Владата ставија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва, во име на Чешкото претседателство со Советот на ЕУ.

Претставниците на Владата и на Европската комисија се согласија дека потпишувањето на овој прв договор меѓу Северна Македонија и Унијата на македонски јазик, без какви било ѕвездички и фусноти и на јазиците на земјите членки на ЕУ, е потврда на дело за почитувањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет од страна на Европската Унија.

Имплеметацијата на Договорот за ФРОНТЕКС, на оперативно ниво ќе овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или на странски полициски службеници на критични точки на границите, а во случаи на ненадејно и брзо влошување на состојбата се обезбедуваат можности за сигурна и континуирана размена на информации и податоци, вклучувајќи оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор, сателитски снимки и слично.

Предлог законот за ратификација на Договорот за ФРОНТЕКС денеска пред да се најде на собраниска седница ќе биде разгледан од страна на матичната собраниска Комисија за надворешна политика и во Законодавно-правната комисија.

Во рамки на пленарната седница меѓу другото се и Предлогот одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина (мај 2023 година до ноември 2023 година), Предлог законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, Предлог законот за изменување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање.

Tags: СобраниеФронтекс
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ