• Latest

Истражување: Популизмот веќе не ви проаѓа, граѓаните не му веруваат

January 10, 2023
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Во Ватикан се одржува инаугурациската миса на папата Лео XIV, Зеленски и Џ. Д. Венс меѓу присутните

May 18, 2025

Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ и Ден на сеќавање на жртвите од политичките репресии: Русија го наследи советскиот систем на репресија, криминал и убиства

May 18, 2025
Фотомонташа: Скринчот од видео на ЕВН/ екран од мобилен

Пола Македонија рано утрово без струја, телефоните за пријавување дефекти на ЕВН останаа „глуви“

May 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Двајца загинати и 19 повредени при судир на брод на мексиканската морнарица во Бруклинскиот мост

May 18, 2025
Фотографија: Скриншот платформа Х

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025

Речиси 60 Палестинци убиени во Газа во текот на ноќта

May 17, 2025

Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

May 17, 2025

Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

May 17, 2025
Дехран Муратов, новинар ЦИВИЛ(Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Муратов: Да се биде новинар, прво треба да се биде човек, со зборови, но и со срце да не дозволиме Сребреница да се повторува

May 17, 2025
Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Истражување: Популизмот веќе не ви проаѓа, граѓаните не му веруваат

January 10, 2023 13:34
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Македонските политички партии ако не се самобендисани до даска и ако го прочитале истражувањето на Институтот „Тони Блер“ објавен во Гардијан деновиве, треба добро да се размислат и да се ослободат од популистичкиот начин на нивното дејствување.

Оваа форма на владеење  сè повеќе ја губи довербата кај граѓаните, а доказ се фактите од анализата на британскиот институт, според кој бројот на популистички лидери  е најнизок во последниве 20 години. Па така од 8 милијарди жители во Светот, само 1.7 милијарди живеат под популистички режим.

Но најдрастичен пад има последниве две години кога бројот на луѓе кои живеат под популистички режим е намален за 800 милиони.

И оваа 2023 година би можела да биде исто така пресудна за популизмот предвидува респектабилниот британски институт „Тони Блер“.

Оттаму популистичките барања за предвремени избори од страна на опозицијата можат да завршат неславно, ако ѝ се верува на научната анализа.

За одбележување е студијата на „Тони Блер“ институтот која вели дека „културно-популистичките партии се мачат да формираат ефективни влади, особено кога се соочуваат со економски предизвици или сложени прашања“.

Тоа и виси на глава и на ВМРО-ДПМНЕ за која речиси сите аналитичари велат дека дури и да освои повеќе гласови на изборите, тешко ќе формира Влада, токму поради слабиот коалициски капацитет кој се огледа во цврстото држење до етно-националните перформанси во општество, кое е под дифолт- мултиетничко.

За да нема забуни, извештајот нашироко го дефинира популизмот во три категории: културен популизам, кој има десничарска етно-националистичка привлечност; социоекономски популизам, кој им се допаѓа на левите партии; и анти-естаблишмент популизам, кој се фокусира на таргетирање на елитите.

Според оваа дефиниција популизмот е присутен кај сите политички субјекти во земјата, со тоа што во првата категорија влегува ВМРО-ДПМНЕ, во втората би се нашле СДСМ, а веројатно Левица е онаа која спаѓа во третата категорија популистички партии.

Институтот тврди дека антипопулистичките мејнстрим партии треба да препознаат дека кога се на власт им требаат антипопулистички правила на игра кои се различни од оние што ги користат владејачките мејнстрим популистички партии.

Преведено за нашата политичка сцена, тоа значи дека сегашната владина коалиција доколку сака да се ослободи од популистичките елементи, треба да се фокусира на својата работа, а помалку да и парира со популистички методи на опозицијата. Односно да престане да ги имитира популистичките ПР методи на ВМРО-ДПМНЕ, дотолку повеќе што македонската Влада е доминантно левичарска, таа е насочена кон социоекономскиот просперитет на граѓаните и затоа како „мејнстрим партија треба да има своја јасна, суштинска политичка агенда и да не се фокусира на негативна кампања против популистичките предизвикувачи, бидејќи популистите секогаш ќе тврдат дека нивните суштински прашања се недоволно обработени од мејнстрим политиката“.

Анализата иако е светска, како да дава прецизен пресек на македонските политички собитија.

Таков е случајот со ВМРО-ДПМНЕ како десничарска, етно-националистичка популистичка партија, која нема однос кон прашања како што е глобализацијата или членството во колективните системи на меѓународно здружување како ЕУ или НАТО. За нив тоа претставува предавство на националните интереси поради губење на автентичните културолошки посебности на македонскиот народ.

За оваа партија се поважни историските прашања како и етничките односи во земјата отколку стратегиските правци кон кои се движи државата, како и работничките права и стандардот на граѓаните.

Не случајно и на меѓународен план го респектираа американскиот претседател Доналд Трамп и си сите сили учествуваа во неговата победа на тогашните избори.

Но на среднорочните (конгресни) избори во САД, мнозинството кандидати поддржани од Доналд Трамп, кои се залагаа за десничарски национализам и теории на заговор, не беа избрани и потфрлија во однос на умерените.

„Откако поразија неколку умерени републиканци на прелиминарните избори во сојузните држава, кандидатите на Трамп подоцна ги загубија повеќето од изборните трки во ноември, што републиканците ги чинеше загуба од неколку гувернери и неможност да обезбедат контрола врз Сенатот. Најзабележително, тие ги загубија сите избори на државно ниво за позиции кои вклучуваат изборна администрација во сојузните држави“, се вели во извештајот.

За разлика од нив кај СДСМ постои проблем кој е спротивен на политичкиот опонент. Имено,  СДСМ како изворно лева партија своите програмски приоритети ги гледа во развој на државата како систем на граѓани, или работници без нагласена етничка позадина. На левите партии како „мана“ им се зема тоа што социо-економскиот аспект на граѓаните како еднакви индивидуи им е поважен од нагласување на етно-националните потреби на населението. Од таму и одредена противречност со која периодично се соочува оваа партија, а тоа се критики од мнозинскиот народ, на кого во историски контекст му е важно да биде дефиниран како носител на државотворноста, а за која всушност се залага токму таа партија.

Поради ваквите општествени контрадикторности во СДСМ, не ретко е доживувана како поголема националистичка партија од ВМРО-ДПМНЕ, кога станува збор за партиите на Албанците, затоа што тие иманентно на своето постоење се залагаат за колективните права на етничката заедница на која и припаѓаат, додека за левичарите тоа е помалку  релевантно.

Оттаму и значителен период на политичкката сцена во Македонија добро соработуваа македонските и албанските етно-националистички, популистички партии.

Се разбира во македонското општество цврстите идеолошки граници со времето се избришале и затоа можат да се видат политички инклинирања и кај едните и кај другите политички субјекти. Поради политичка прагма и едните и другите и третите се почесто прибегнуваат кон популизмот како метод на додворување кон гласачите, на тој начин претворајќи го граѓанскиот субјективитет на ниво на објект подложен на конзумирање допадливи зборови без основа.

Затоа партиите заличуваат на аквизитери во малопродажба на производи за домаќинството во што главна улога имаат рекламите.

Извештајот вели дека мејнстрим партиите мора да сфатат дека гласачите се повеќе се уморни од реторичкиот вишок што ги игнорира проблемите со кои се соочува една земја.

Извор: фронтлајн.мк

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    94 shares
    Share 38 Tweet 24

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ