• Latest

Бектеши во Брисел: Со целосно усогласување на нашето законодавство ќе обезбедиме поголеми права за основање и слободата на давање на услуги

January 23, 2023
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бектеши во Брисел: Со целосно усогласување на нашето законодавство ќе обезбедиме поголеми права за основање и слободата на давање на услуги

January 23, 2023 11:21
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заклучоците и препораките кои ќе произлезат од овој билатерален состанок ќе ги постават следните чекори во процесот на пристапување во областа на Право на основање и слобода на давање на услуги. Ние сме свесни за важноста да се обезбеди правото на основање и слободата на давање на услуги преку процесот на усогласување на законодавството во оваа област, порача министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Брисел во обраќањето на првиот билатерален состанок во рамки на Кластерот за Внатрешен пазар, со Поглавје 3 – Право на основање и слобода на давање на услуги.

Како што истакна, слободното движење на услуги преку елиминација на бариерите за вршење на услужните активности ќе придонесе за развој на економските активности, повисоко ниво на вработување, висок степен на конкурентност и подобрување на квалитетот на услугите, а со тоа и на квалитетот на животната средина.

-Министерството за економија како надлежно министерство, во соработка со останатите институции, континуирано спроведува активности за усогласување со законодавството на ЕУ и зајакнување на административните капацитети во областа на услугите. Активностите се спроведуваат во согласност со заклучоците и препораките од Поткомитетите и од Извештаите за напредок на нашата земја, рече Бектеши.

Во однос на правната рамка, како што кажа, Законот за услуги, Законот за меѓусебно признавање на професионални квалификации и Законот за поштенски услуги се основни закони во оваа област.

-Во Законот за услуги целосно е транспонирана Директивата за услуги. Со цел имплементација на законот, Владата во 2020 година усвои Акциски план за усогласување на секторското законодавство со Директивата. Министерството за економија е координатор на процесот и ја следи имплементацијата на Акцискиот план. Во рамки на ИПА Проектот „Зајакнување на внатрешниот пазар“ , компонента 2 за слободно движење на услуги, во периодот 2021-2022 година се спроведе нова детална анализа за оцена на усогласеност на законодавството со Директивата за услуги. Врз основа на наодите од анализата, во тек е подготовка на нов Акциски план со мерки за усогласување. Свесни сме дека усогласувањето со Директивата за услуги е континуиран процес и се однесува не само на постојните прописи, туку и на нови прописи или измени на постојните прописи. Ова се има предвид при планирање на идните активности во оваа област, рече Бектеши.

Ова е прв билатерален состанок за Поглавје за кое е надлежно Министерството за економија поради што Бектеши во своето воведно обраќање се заблагодари за досегашната соработка и поддршка која ја имаше Министерството за економија во спроведувањето на активностите за усогласување со законодавството во ова Поглавје.

Со оглед на хоризонталниот карактер на законодавството за Поглавје 3, на скринингот беа присутни претставниците на Работната група за Поглавје 3 од голем број на институции: Министерство за економија, Централен Регистар, Министерство за транспорт и врски, Агенција за пошти, Министерство за образование и наука, Министерство за финансии, Министерство за правда, Министерство за информатичко општество и администрација, Агенција за храна и ветеринарство, Агенција за катастар на недвижности и други.

Министерот Бектеши кажа дека во однос на обврската да се воспостави Единствена точка за контакт, Националниот портал за е-услуги е веќе воспоставен.

Министерството за образование и наука е надлежна институција за процесот на транспонирање на Директивата на ЕУ за признавање на професионални квалификации. Подготвен е нов Закон за признавање на професионални квалификации во кој се транспонирани Директивите

Во областа на поштенски услуги, националните прописи се целосно усогласени со првата и втората поштенска директива и делумно се усогласени со третата директива, а се подготвува Стратегија за развој на поштенските услуги и подготвува законска регулатива за поштенските активности во соработка со Агенцијата.

Фото: архива

Tags: ЕУКластер 2Поглавје 3
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ