Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ за речиси година и половина прави долг од над 16 милиони евра, во четири општини.
Гази Баба ќе се задолжува со пет милиони, Аеродром со 5.4 милиони евра, Прилеп со пет милиони евра и општина Бутел со два милиони евра, се вели во соопштениото од владејачката партија.
-Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како неспособни расипници, кои задолжуваат богати и финансиски стабилни општини, за да ги трошат парите на партиски вработувања и непродуктивни торшоци.
-Граѓаните им дадода доверба да ги решаваат нивните проблеми и да ги реализираат ветените проекти, а добиваат поскапи комунални услуги и долгови коишто ќе ги отпалаќаат со години.
-ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски донесоа хаос во општините.
-Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната и најнеуспешна локална власт досега, велат од СДСМ.