• Latest

Со видео запис е одбележан почетокот на проектот за зајакнување на капацитетите на централните банки во земјите од Западен Балкан

March 5, 2023

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Со видео запис е одбележан почетокот на проектот за зајакнување на капацитетите на централните банки во земјите од Западен Балкан

March 5, 2023 10:22
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Почетокот на тригодишната Регионална програма финансирана од ЕУ, чија цел е поддршка на централните банки и банкарските супервизорски агенции во земјите од Западен Балкан, кандидати и потенцијални кандидати за влез во ЕУ, е одбележано и со посебен билтен и видео, подготвени од Банката на Италија како домаќин на почетната средба, одржана во септември 2022 година, објавува НБРСМ.

 

Регионалната програма е во износ од 3 милиони евра, коишто се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и претставува продолжение на слична иницијатива и проектни активности кои беа  успешно завршени во 2021 година.

„Успехот на Првата регионална програма создава големи очекувања за следната, каде заедничките обуки се прошируваат на дополнителни 6 области на работење“ истакнува во видеото Даниела Парат Јовановска, советник-експерт во Народната банка, додавајќи дека билатералните мерки се прилагодени и даваат простор за длабинско насочено подобрување во областите избрани од самите централни банки. 

Носители на програмата се Дојче Бундесбанк, заедно со 19 национални централни банки на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) и Европската централна банка (ЕЦБ). Преку билатерална соработка и активнoсти и испорачани обуки, програмата ќе придонесе кон понатамошно јакнење на институционалните капацитети на земјите – крајни кориснички, особено преку унапредување на нивните аналитички алатки и политики и преку пренесување на најдобрите меѓународни и европски стандарди во националните практики. Корисници на програмата се Банката на Албанија, Централната банка на Босна и Херцеговина, Агенцијата за банкарство на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Агенцијата за банкарство на Република Српска, Централната банка на Република Косово, Централната банка на Црна Гора, Народната банка на Република Северна Македонија и Народната банка на Србија.

 

Tags: ЕУЗападен БалканИПАнародна банкатригодишна Регионална програмацентрални банки
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ