• Latest
Војо Маневски

Европско огледало

March 21, 2023

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Европско огледало

March 21, 2023 13:56
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Времето си има свој тек и свои законитости според кои се движи. Кој ден или недела е поважен од другите се човечки мерила со кои тој сака да најде начин да ги забележи и разликува. Многу често редицата денови ги прогласуваме како историски и им даваме некое големо значење. Така истакнувајќи ги тие денови не сакаме да прифатиме дека тоа што ни го определува животот е процес во кој таквите денови се само дел. Зошто се плашиме од процесите во кои сме ставени? Затоа што се плашиме од промените и неизвесноста што промените ја носат.

Заедницата е комплесна и сложена организација и интересите на различните делови се некогаш спротивставени на интересите на другите делови. Тој процес е постојан и доведува до такви денови за кои пишував и кои ги крстиме со посебни имиња. Сега сме пред такви историски денови и одлуки кога како заедница ќе треба да се соочиме со сопствените интереси и стравови, но и денови кои можат да значат враќање на некаква надеж дека можеме да бидеме дел од подобро организираните држави и заедници.

Значи, еден дел од заедницата има надеж и го помага целиот процес, а друг дел на заедницата се труди да не дозволи промените да се случат без да се заштитат себе си и своите интересите. Како во огледало кога се огледаме наутро со разбушавена коса и виснато лице. За да ни биде прифатлива сликата во огледалото веднаш се зафаќаме со разубавување на своето лице, иако неговата природност е токму она што прва сме ја виделе. Грда или убава тоа ти е вистината.

Ете така ми изгледа нашево општество и држава кога и се презентираат процесите на прилагодување кон европските вредности. Тие се огледалото, а наше е кое лице ќе го прифатиме како свое. Некако ни е поблизок нашминканиот лик, иако знаеме дека тој не е вистинскиот изглед, но тоа е нашата колективна свест или култура на однесување.

Да поставам повторно неколку прашања како услов за дебата. Кому не му е во интерес да се започнат преговорите? Кому не му е во интерес доведување во ред на функционирањето на институциите?

Преговорите со институциите на ЕУ ќе бидат долги и според сегашните правила и скалила завршуваат со подготвеност на државата за полноправно членство. Значи целиот процес на преговарање всушност е реформа на државата со вградување на вредности, правила и процедури кои сега не се дел од системот или не се имплементираат.

Да го поставиме како огледало поглавјето во кое се зборува за основните права на секој поединец. Каква е нашата слика во таквото огледало ако политичарите изјавуваат дека за Македонија ќе бидат опасност над сто илјади иматели на бугарски пасоши?

Сликата секако ќе биде грда зошто ако имаш толкав број на твои граѓани што се изјасниле дека имаат бугарски корени, без разлика на нивниот мотив, каков лик ќе се појави во огледалото кога уште пред почетокот на преговорите покажуваш подготвеност да не признаеш нечие основно право. Замислете ја оценката за таквото лице кога ќе го погледнат оние со кои се преговара и кои инсистираат на рамноправност на граѓаните.

Дополнително е грда сликата испратена до соседот Бугарија која е членка на ЕУ со право да бара заштита на своите сонародници. Нашето објаснување дека се работи за економски мотиви, а не идентитетски чувства тешко ќе го објасниме ако уште сега внесеме сомнеж дека тие и овде ќе барале свои права.

Кој ќе го занемари бугарскиот аргумент кога политичари од Македонија изјавуваат дека постои опасност таквата бројка поради разни интереси да порасне до двеста илјади и тие ќе почнеле да ги бараат своите права. Па сега, ги има ли таквите граѓани во државава или допрва ќе се јават?

Ако ги има, како ќе го спречиш нивното право кое според европските правила им припаѓа? Ако допрва ќе се јават, излегува дека и сега го прекршуваме нивното право штом допрва ќе се јавуваат, а сега тоа не го прават. Сомнежот дека има некаков притисок сам ќе се наметне и тоа повторно ќе биде аргумент за низа на оспорувања од страна на Бугарија. Овде не помага логиката, туку се работи за некаков партиски интерес за кој немам дефиниција. Затоа се прашувам кому не му е во интерес да се започнат преговорите со ЕУ ако со тоа се намалуваат неговите можности за манипулација со стравовите на граѓаните од каде црпи власт веќе три децении. Кому не му е во интерес почетокот на преговорите и правење атмосфера на неприфатливост на условите поставени од ЕУ?

На корумпираниот правосуден систем (според перцепцијата на граѓаните) му одговара ли да започне отворањето на поглавјата 23 и 24? Познавачите го објаснуваат целиот процес на преговори за овие поглавја кои први се отвораат, а последни се затвараат како круцијални за реформите во државата кандидат. Според новите кластерски правила може да биде вратен процесот на подолно скалило, ако не се напредува во реформите посебно во овие поглавја.

Според резултатите од процесот на скенирање на состојбите се определува и оперативен план со отворањето на поглавјето. Тоа значи процес на постапки и барања за прилагодување на правосудниот систем на европските системи и практики. При скенирањето се утврдуваат состојбите, а со отворањето за идентификуваните слабости во функционирањето на правосудниот систем и целиот процес на владение на правото се  предлагаат мерки кои мора да се извршат.

За да напредуваат преговорите се бара имплементација на усвоените правила и закони кои се донесени со европско знаменце, а во скенирањето се покажало дека малку се имплементираат во пракса. Тоа значи дека обвинителите ќе мора да постапуваат според европските практики, а не селективно како што стои во извештајот на ЕУ за РСМ.

Таквите активности на обвинителството се следат и се точки на дневниот ред на преговорите со ЕУ. Оценките за напредокот се поставуваат и пред Советот на ЕУ кога се оценува процесот на преговори и прилагодување на државата на европските вредности. Овде секоја земја членка има право на приговор, што значи неможност на поминување на преговорите на повисоко ниво додека не се постигнат задоволителни резултати и се така до крајот на преговорите кога последни се затвораат поглавјата за кои зборувам. Европска комисија инсистира на завршување на судските процеси со донесување на пресуда и функционирање на целиот правосуден систем од основниот до врховниот суд.

Не се работи за конзервативност на носителите на правосудните функции, туку страв дека процесот на реформи може да заврши со обвиненија токму за носителите на правосудни овластувања или губење на постоечките функции. Направете сами симулација на тоа колку разни сегменти од нашево општество  се против преговорите со Европа заради стравот од последици токму врз нив. Каква убавина има ликот на нашето правосудство ако се погледне во европското огледало? Сува лепота, вели Цацко.

Слични недоумици ги мачат и вработените во јавната администрација свесни дека крајот на преговорите ќе резултира со намалување на бројноста на администрацијата и измена на начинот на нејзиното функционирање. Злобните би рекле нејзиното нефункционирање, а јас инсистирам на описот на лицето на администрацијата во европското огледало. И овде има оценки на еврокомисиите за функционалноста и одржливоста на актите на администрацијата. При преговорите се донесуваат одлуки за степенот на реформираност (прилагодување) на администрацијата. Познавачите можат да го посочат примерот на Хрватска кога десеттина пати се поставувани задачи до владата за имплементација на заклучоците на комисијата. Сличен е примерот и со барањето за борба против корупцијата кога беше процесуиран и осуден поранешен премиер на Хрватска. Хрватска е последната држава која влезе во ЕУ според старите правила и е погодна за споредување, а имајќи го во предвид и новиот систем на кластери кои ги пооструваат мерките за земјите кандидати, задачата пред нас е пообемна и потешка.

Кластерите за еколошки стандарди се најскапи и најкомплексни, но спротивноста кон ваквите реформи не е само во нашите навики за неисполнување на еколошките стандарди, туку и објективното чинење на ваквите мерки кои преставуваат проблем за најголемиот дел на членки на ЕУ, посебно надвор од „старата Европа“.

Затоа и целиот процес ќе биде болен за добар дел од општеството навикнато на функционирања не во систем, туку во несистем или немање јасен систем. Но, ниту растењето во психолошка смисла не е лесен процес, ама времето и околностите го спроведуваат кај секоја единка. Кога подобро размислам за реформите се посиромашните, онеправданите, младите и во секој случај уплашените граѓани што бараат надеж дека ќе биде подобро. Оние што се навикнати на темнина и магли во функционирањето на државата се против отпочнувањето на преговорите. Ќе поставуваат разни дилеми и ќе сеат страв од промените со разни популистички изјави и постапки ќе го кочат целиот процес зошто ним вака им е добро. Не е ова време на револуции на обесправените зошто резултатите од нив секогаш ги присвојуваат поединци и групи. Време е за јавен притисок за демократски процеси кај политичките чинители и најважното: Одговорност на секој поединец во моментот кога тој ја има власта во државата, а тоа е на денот на изборите. Во моментот кога треба да гласа и да го избере својот претставник во највисокиот орган на власта – во парламентот. Како ќе се однесуваме тој ден така ќе ни биде во иднина. Од таа одлука зависи и ликот што ќе се појави во европското огледало. Овде не помага онаа нашата – огледалце, огледалце кажи најубав кој е?

 

 

Tags: евроинтеграцииЕУПоглавје 23Преговорискенирање
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ