• Latest

Бугарите имплицитно се веќе во преамбулата на Уставот

March 25, 2023
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Бугарите имплицитно се веќе во преамбулата на Уставот

March 25, 2023 15:07
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Невидена ароганција покажува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кон претставниците на меѓународната заедница и кон официјални функционери од пријателски земји кои се обидуваат да помогнат во процесот на пристапување на земјава кон ЕУ, особено во заплетканата пат позиција што ја наметна токму оваа партија со одбивањето Македонија да ги продолжи пристапните преговори. И сето тоа само поради, како што самиот го сфаќа, бугарскиот диктат за уставни измени.

Вметнување на Бугарите во Преамбулата на Уставот е обврска што Македонија ја презеде со Европската преговарачка рамка. Но имајќи предвид дека во земјата живеат и други малцински групи, Владата реши дека и дел од нив заслужуваат да бидат ставени во преамбулата на Уставот. Оваа интенција се пренебрегнува во сегашниот политички дискурс кој главно се занимава со отпорот што ВМРО-ДПМНЕ го има кон промената на Преамбулата, а заради Бугарите.

Општо прифатена оценка е дека тоа само го зголемува демократскиот капацитет на земјата во пресрет на членството во ЕУ. За пример најчесто се зема Хрватска која во 1990 година признаваше само осум национални малцинства, за во 2010 пред приемот во ЕУ, таа листа да ја прошири на 22 малцински заедници кои ги стави во Преамбулата на Уставот. Меѓу нив Македонците, Бугарите но и Русите, Украинците и многу други.

Во сегашната Преамбула на Уставот опфатени се седум етнички заедници. Покрај Македонскиот народ во неа се споменуваат Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите и Бошњаците. Но не треба да се занемари дека во низата, веднш потоа се вели и другите етнички заедници.

Професорот по уставно право Светомир Шкариќ потсетува дека ОБСЕ уште во 2015 повела иницијатива за уставно правни претпоставки на малцинските заедници во Уставот кои не се наведени во Преамбулата. Иницијативата на ОБСЕ доаѓа на барање токму на овие заедници означени како други кои се почуствувале дека се запоставени во своите права. Според професорот Шкариќ станува збор за дваесетина малцински заедници кои се регистрирани во Централниот регистар.

Ние треба да имаме принципиелен приод и еднаков однос кон сите независно за кого станува збор, без разлика на нивниот број, вели Шкариќ.

На сличен став е и министерот за надворешни работи Бујар Османи кој смета дека во преамбулата на Уставот се спомнуваат сите 7 етнички заедници и уште 10 други.

Со одлука на Уставниот суд за анализирање на тоа кои се тие други ќе излезе дека во тие други спаѓаат и Бугарите, што значи дека имплицитно тие веќе се дел од Уставот. Ние сега само треба да формализираме нешто што постои, значи толкав е ефектот на овие уставни измени, рече Османи, обидувајќи се да појасни дека Уставните измени не значат трагедија за државата, со надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги остави настрана партиските интереси, и ќе стане дел од овие промени.

И навистина ќе биде тешко сфатливо доколку оваа опозициска партија биде против значителен број наши сограѓани да ги добијат истите права како и останатите кои досега се наведени во Преамбулата на Уставот.

Ако се прегледа последниот попис ќе се види дека таа бројка на малцински групи е дури четириесетина, а меѓу нив се секако и Бугарите, но во значителен број и Муслимани, Македонци Муслимани, Торбеши, сите заедно околу 6.700. Потоа веднаш по нив се и Египјаните со 2.400, Хрватите се до нив со 2.145, Црногорци 1.023. Но има тука и Руси, Грци, Словенци, Горанци, Германци, Романци, Англичани и многу други.

Кои од нив ќе побараат да бидат внесени во Преамбулата останува да се види, како и начинот на кој Владата како предлагач ќе настапи, дали ќе има интервенции во преамбулата или ќе се оди со посебни амандмани.

Извор: Рацин.мк

Tags: БугариМицкоскипреамбулаУставуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ