• Latest
Фото: МИА

Промената на Законот за извршување на санкции – потенцијално решение за малолетничките кои мерката „упатување во ВПД“ ја издржуваат во Идризово

March 31, 2023
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Промената на Законот за извршување на санкции – потенцијално решение за малолетничките кои мерката „упатување во ВПД“ ја издржуваат во Идризово

March 31, 2023 21:13
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е постапка за промена на Законот за извршување на санкции, каде се опфатени и измените што се однесуваат на издржување на мерката „упатување во Воспитно-поправен дом“, за која МИА откри дека девојчињата ја издржуваа во несоодветни услови во рамките на КПУ „Идризово“, за разлика од момчињата, кои имаат свој, посебен Воспитно-поправен дом Тетово – Волковија, пренесува МИА.

Според сознанијата на МИА, работната група работи на измените, а истите ќе опфатат повеќе аспекти, помеѓу кои и предлог решение за сместувачките капацитети за женските деца кои издржуваат мерка „упатување во ВПД“.

Народниот правобранител, Насер Зибери, на вчерашната прес-конференција, исто така, истакна дека според нивните информации во однос на оваа постапка, во иднина наместо во КПУ „Идризово“ девојчињата, кои дошле во судир со законот ќе треба да бидат сместувани во Воспитно поправниот дом Тетово – Волковија, или на друго, како што рече, „посоодветно место“.

Прекубројноста на осудените лица и несоодветните материјални услови во коишто се сместени, несоодветно постапување на затворскиот персонал, условите во коишто се сместени осудените лица во за

Зибери рече дека од Законот за извршување на санкции, КПУ „Идризово“ е изземена како установа во која може да се сместат малолетнички.

Со ова ќе се реши проблемот кој го имаа – лоши услови за престој, неможност за добивање на соодветна здравствена заштита, немање на образовен процес, едукација ресоцијализација и да се спречи контактот на малолетничките со осуденички, односно да нема дискриминација во поглед на малолетничките, рече Зибери.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пак, на 23 март усвои мислење по серијата стории на МИА во однос постоење два вида дискриминација за малолетниците на кои им е издржана оваа мерка, при што утврди директна продолжена дискриминација во пристапот до задолжително образование од страна на Министерството за образование и наука кон децата на кои им е изречена мерката, но во однос на сместувањето на женските деца не утврди дискриминација, наведувајќи оти немало објективни причини за тоа.

Како што наведува Комисијата во мислењето во однос на сместувањето на женските деца кои оваа мерка ја издржуваат во рамки на женското одделение на КПУ „Идризово“, Управата информирала дека е извршена адаптација за нивниот престој, со приспособување на нов дел од женското одделение, кој е реновиран при што децата се целосно одвоени од полнолетните осудени женски лица, односно истите немаат можност да контактираат со нив за време на престојот или прошетка на свеж воздух. Воедно, Управата напоменала дека не е можно преместување на женските деца, кои ја издржуваат оваа мерка, бидејќи за истото нема законска можност.

Согласно член 34 од Законот за извршување санкции единствен ВПД за женски лица е ВПД за женски лица во КПУ Идризово. Освен законската пречка, Управата известува дека објектите во ВПД-Тетово не се просторно адаптирани за машките деца да бидат одвоени од женските деца, кои се на издржување на оваа мерка, а нема ниту вработен женски персонал во затворската полиција, кој би се грижел за истите, се наведува во мислењето на КСЗД.

Комисијата во мислењето проценила дека сместувањето во ВПД во КПУ Идризово на женските деца, кои се упатени на издржување на оваа мерка не претставува сегрегација врз основа на нивниот пол.

Имено, согласно законската дефиниција за сегрегација од член 12 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, сегрегација е физичко одделување на лице или група лица врз дискриминаторска основа без легитимна или објективно оправдана цел. Согласно ваквата дефиниција, за да постои сегрегација треба да постои кумулативно исполнување на два услова – физичко одделување на лица или група лица врз дискриминаторска основа и немање легитимна или објективно оправдана цел за таквото однесување. Без кумулативно постоење на еден од овие два услова не може да постои сегрегација, наведува Комисијата.

Во конкретниот случај, Комисијата проценила дека за одделување на женските деца, кои се упатени оваа мерка да ја издржуваат во КПД Идризово постои легитимна, односно објективно оправдана цел.

Објективна оправданост за одделување на во овој случај Комисијата најпрво ја гледа во природата на самата мерка која бара физичка одделеност на машките и женските деца, кои се упатени на издржување. Објективната оправданост се црпи и од член 34 став 4 од Законот за извршување на санкциите, кој пропишува дека единствена воспитно поправна установа за женски лица е ВПД во КПД Идризово. Дополнително во насока на имање на легитимна, односно објективно оправдана цел е и имањето на исти услови за издржување на оваа мерка во ВПД во КПД Идризово на женските деца, во смисла на сместувачките капацитети и одвоеност од полнолетни осудени лица, како и машки деца, кои се упатени на издржување во ВПД во Тетово.

Сепак, во серијата стории кои ги објави МИА, констатиравме дека кога имаат потреба од нешто, малолетничките кои издржуваат мерка „упатување во Воспитно-поправен дом“, сместени во адаптирана соба во ходник во рамките на Казнено-поправната установа „Идризово“, се принудени да викаат преку прозорецот од тоалетот, бидејќи немаат уред за повик до службите.

Овие штитенички беа сместени во просторија која не обезбедува целосна изолација, односно, оневозможување контакт со осуденичките со кои се во допир при добивање на храната и при користење на слободно време за прошетка на отворено. Малолетничките беа сместени во една трошна и студена просторија за која велат дека понекогаш нема и вода. Единствена активност таму им е цртањето и прошетката во дворот, кој го делат со останатите возрасни затворенички и за кој мора да чекаат слободен термин.

За разлика од девојчињата, штитениците во Воспитно-поправниот дом – Тетово, каде лани во март кога екипата на МИА го посети домот, беа сместени 21 момче, имаат уредни, опремени соби, тоалети, училници, теретана, игралишта на отворено, менза, работилници и многу други алтернативи со кои на креативни начини го исполнуваат нивното слободно време. Со штитениците во Волковија работи тим од воспитувачи, како и психолог, педагог и социолог, додека, во Идризово, малолетничките имаат само една воспитувачка која ја делат со сите останати затворенички.

Сториите на МИА и „Само прашај“ ја покренаа јавноста и поттикнаа реакции на повеќе институции помеѓу кои Комисијата за спречување и заштита од дискриминација која донесе одлука за покренување постапка по службена должност и донесе мислење, Народниот правобранител изврши увид во ВП-домот во рамките на КПУ Идризово, каде ги констатираше истите заклучоци и апелираше на итно решавање на проблемот со образованието и условите во ВПД и случајот го внесе во годишниот извештај, а апел за решавање на ситуацијата по нашите написи упатија и Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници.

Случаите беа нотирани и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија. ЕК нотираше дека се потребни законски измени за пронаоѓање долгорочно решение за сместување и ресоцијализација на малолетнички кои дошле во судир со законот и на кои им е одредена мерка „упатување во Воспитно-поправен дом“, со оглед на тоа што во моментов девојчињата, кои треба да ја отслужат оваа мерка, се сместуваат во затворски услови во женското одделение на затворот Идризово, каде немаат соодветна грижа, едукација и ресоцијализација. Комисијата нотираше подобрување на условите за сместување на малолетниците во објектот на Воспитно-поправниот дом во Волковија.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Законот за извршување на санкцииИдризовомалолетнички
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ