• Latest
Војо Маневски

Систем како пробушена кофа

April 12, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Систем како пробушена кофа

April 12, 2023 14:28
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Добро е човек да не биде паметен во ова време или барам да не паметува, посебно ако е паметен. Мала игра на зборови што ми дојде на ум обидувајќи се да ги ставам, под еден наслов впечатоците кои ми се наметнуваат оваа недела. Кромидот стана дел од владините одлуки а за доматите има точка на Владата, пиперките се значаен дел од владината дебата. Учебници ќе има ама за следната година, оваа ја поминаа учениците без доволно учебници. Здравството секој ден е на насловните страни, смртни случаи и здравствени инспекции се менуваат како најважни вести. Експерти по уставно право ќе дебатираат, ќе анализираат и ќе предложат решение а се работи да се смени еден дел во уставот каде пишува „и други“, со мал список на делови од народи кои се наши сограѓани.

Признавам, тешка е задачата да се вклопи ваквата колосална измена во духот на уставот, а посебно во непостоечкиот рационален дух на времето во кој се случуваат уставните промени. Коридорот осум ќе биде тема за која ќе се зборува неколку недели или за време на следната изборна кампања, ама долговите ќе ги плаќаат долго граѓаните. Возењето по модерниот автопат му доаѓа како награда за претрпен притисок од извршителите кои стојат на секој десет километри и наплаќаат патарина. Судијка досудила да платиме отштета за неизграден објект кој нема да се изгради затоа што Уставниот суд го поништил ДУП-от како неуставен. Е сега дупката е 15 милиони евра во државниот или општинскиот буџет. Не реков ништо дека ова ми личи на дупење на кофата во која носиме вода за полевање на економијата. Но некакво дупење сигурно е.

Ете малку по малку, редејќи ги импресиите дојдов до констатација дека проблемот не е во поединци или разни групации туку проблемот е во системот кој е избушен како решето а во него вода не се држи. Системот е тој што дава лоши резултати на планот на економијата, политиката, образованието или кој било друг дел на општеството.

Место да ги впрегнеме сите сили во промена на системот кој сите не уназадува и поради кој пропаѓаме, ние се расправаме за поединци кои според правилата на лошиот систем доаѓаат на челни позиции во државата. Таков систем такви резултати дава, барем тоа можевме да го заклучиме досега а не постојано да обвинуваме поединци за корумпираност или некадарност, тие се производ на лошиот систем. Инаку би биле некакви службеничиња или професорчиња, лекари во дисперзирани болници. Наместо ангажманот на експертите кои треба да сменат три реченици во Уставот, нека се ангажираат во конципирање на нов систем на закони со кои ќе се демократизира општеството, прво на политички план а потоа да се реформира целиот државен систем. Место честа смена на министри за здравство треба да се даде одговор на прашањето зошто обучуваме лекари за богатите држави? Зошто кога се богати, тие не си образуваат такви кадри? Колку лекари ни се потребни за функционално здравство, колку медицински сестри ни се потребни кои ќе се учат и обучуваат за нашите потреби а кои однапред ќе знаат дека ако добро го совладаат учењето ќе имаат загарантирана работа и пристојна плата? Има познати системи кои функционираат и не се оставени на стихијност како што е кај нас. Можам да пишувам со ваков тон за сите сегменти но тоа верувам дека ви е познато. Мојата констатација е дека мораме да го менуваме системот а не да го крпиме постојниот кој како транзициски модел си ја заврши својата улога. Во иднина ќе има сѐ помалку позитивни резултати од него и сѐ повеќе деструкција на целото општество.

Овој пат нема да пишувам за темата иселување, само ќе ви ја опишам кратко мојата импресија. Ми личи состојбата на оние лимените кофи во кои носевме вода. Ако се дупне, тече вода од неа и колку повеќе носиме вода со кофата, дупката се зголемува. Ако додаваме вода млазот од дупката е поголем. Колку и да додаваме вода таа сепак истекува и никогаш не можеме да додадеме толку вода колку таа истекува. Едноставно кофата е пробушена и веќе не се носи вода во неа. Ако сѐ повеќе ни заминуваат младите надвор од државата, таквата дупка нема да сме способни да ја надополниме со ново население ако за почеток не го забавиме процесот или пластично кажано, да ја затвориме дупката на кофата. Во следниот период задача ни е да го смениме истенченото ‘рѓосано дно или кофата скроз ќе пропадне и нема да може да се носи вода во неа. Може да послужи само за полнење земја за евентуално да се засади цвеќе во неа. А цвеќе се носи на едно место кое е тивко и мирно ама е ослободено од живот. На нас на сите натаму ни е патот, но зар мораме и нашата државичка свесно да ја туркаме натаму, како изнемоштен старец кој потомците го исцедиле и сега им е товар…

Tags: економијарезултатисистем
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ