• Latest
 Фото: ФБ „Охрид SOS“

Претставници на УНЕСКО и на Бернската конвенција во Охрид – нафтена дамка во Студенчишта, бетонска платформа зад границата со Албанија

April 26, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Претставници на УНЕСКО и на Бернската конвенција во Охрид – нафтена дамка во Студенчишта, бетонска платформа зад границата со Албанија

На самото крајбрежје на езерото на албанската страна кај селото Тушемиште се изведуваат градежни активности со истурање бетон во водата. Истовремено, во Студенчишкиот канал повторно е забележано загадување на водата, предизвикано од човечки фактор.

April 26, 2023 11:23
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
 Фото: ФБ „Охрид SOS“

 Фото: ФБ „Охрид SOS“

Share on FacebookShare on Twitter

Декларираните заложби за заштита на Охридското Езеро повторно на тест. На самото крајбрежје на езерото на албанската страна кај селото Тушемиште се изведуваат градежни активности со истурање бетон во водата.

Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ и овојпат укажа на недозволени градежни активности во самиот биолошки резерват заштитен од УНЕСКО, пренесува МИА.

– Уште еден доказ дека нема реална заштита на природното наследство на Охридскиот регион, дека уништувањето продолжува со несмалено темпо, и од другата страна на границата. Иако тој дел е само четири години на листата Светско наследство, ги преживува истите проблеми и притисоци како и македонскиот дел, потенцираат од „Охрид SOS“.

Истовремено, во Студенчишкиот канал повторно е забележано загадување на водата, предизвикано од човечки фактор. На површината на водата се појави мрсна дамка, од непознато потекло. Според информациите од надлежните, вчера попладнето извршен е вонреден инспекциски увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина, изготвена е фото-документација, а согласно регулативата ќе се покрене соодветна постапка.

За да видат каква е ситуацијата со био-резерватот Охридско Езеро во земјава престојуваат претставници на Секретаријатот на Бернската конвенција во делот на заштита на природното наследство, на Конвенцијата за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење (Рамсарска Конвенција) и на УНЕСКО.

Тие денеска ќе имаат средби со претставници на Општина Охрид, а предвидено е да ги посетат уште Националниот парк „Галичица“, Општина Струга, како и теренски посети на Студенчишко Блато, областа кај Свети Наум и крајбрежјето на Охридското Езеро.

Експертите од УНЕСКО и Бернската конвенцијавчера имаа средба и со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова. Таа по средбата изрази очекување дека гостите ќе дадат реална оценка за ситуацијата на терен, како и препораки за одржливо управување.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ОхридСОСУНЕСКО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result