Изборната трка во Турција остана неизвесна до самиот крај. Сепак, по долгата ноќ исполнета со очекувања и надежи, а секако и медиумски манипулации во корист на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и со изјави за победа на двете страни, сега е сосема извесно – се оди на втор круг на гласање. Ердоган се приближи, но не обезбеди 50 отсто од гласовите за да го продолжи своето 20-годишно владеење.
Излезноста на изборите во Турција вообичаено е висока, па така и на овие избори излегоа дури 88,78 отсто од регистрираните гласачи.

Со преброени 99,83 отсто од гласовите, според новинската агенција АНКА, Ердоган има 49,25 отсто од гласовите, наспроти 45,05 отсто за неговиот главен противкандидат Кемал Киличдароглу – што значи дека ниту еден од нив не може да тврди целосна победа. Овие податоци се за нијанса поинакви од податоците на државната новинска агенција Анадолу, објавени во претходниот прилог на ЦИВИЛ Медиа.
Џ. Д.
Турските гласачи ќе ја кројат иднината на својата земја во втор изборен круг












