• Latest

Претреси на 27 локации, приведени 15 лица, сузбиени три криминални групи инволвирани во недозволена трговија со дрога и оружје

May 17, 2023

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
Дел од колажот на ФБ страницата United against Trump 2.0

United against Trump 2.0: Од Хитлер, Мусолини и Хирохито до Трамп, Путин и Си – „Америка се движи наназад!“

November 20, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

Студенти и средношколци ширум Европа со протести против планот на ЕУ за зголемување на воените инвестиции

November 20, 2026
Кијив, 20 ноември 2026 (ДСНС)

Мостови, железница и домови под руски оган: Најмалку осум загинати во Кијив и Лвив

November 20, 2026

Една година локална власт: Што се смени во вашата општина?

November 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Претреси на 27 локации, приведени 15 лица, сузбиени три криминални групи инволвирани во недозволена трговија со дрога и оружје

May 17, 2023 15:36
in ВЕСТИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции и со учество на тимови од Царинската управа, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, денеска, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која беа сузбиени три повеќечлени организирани криминални групи составени од лица од Скопје, кои подолг временски период беа инволвирани во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје.

– По добиени Наредби за претреси издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 27 локации во Скопје, и од слобода се лишени 15 лица, на возраст од 20 до 54 години, сите од Скопје, додека по тројца (З.Н., Е.Ш. и Ш.С.) се трага. При извршените претреси, на повеќе локации се пронајдени и одземени кокаин и марихуана кои се предмет на вештачење, муниција, пиштол, патнички моторни возила, поголема сума на девизни и денарски парични средства, мобилни телефони, информираа од МВР.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација по спроведените претреси и пронајдени предмети, како и врз основа на претходно обезбедени материјални докази, денеска до ОЈО за ГОКК, соопштија од МВР,  поднесе кривична пријава против 18 лица од Скопје, за сторени вкупно 20 кривични и тоа, против С.Р.(26), Р.Н.(20), А.Б.(37), Д.Г.(39), Е.А.(23), З.Н.(35), Ѓ.А.(34), М.Б.(33), Е.Ш.(25), Ш.С.(31), А.Р.(23) и Б.А.(33) за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, против М.Б.(32) за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, како и против И.А.(38), Д.А.(54), А.С.(27), О.Н.(39) и М.Б.(42) за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

– За време на спроведеното криминалистичко истражување утврдено е дека целта на формирањето на трите организирани криминални групи е стекнување на противправна имотна корист која произлегува од извршените кривични дела, а во текот на истрагата во неколку различни случаи документирани се продажби на наркотична дрога, оружје и муниција, се наведува во соопштението.

Во периодот од јули 2022 до мај 2023 година, А.Р., како организатор, создал осумчлена организирана криминална група со цел купување, држење, пренесување, продавање и посредување во неовластена продажба на кокаин, амфетамин и марихуана во која членувале  С.Р., Р.Н., А.Б., Д.Г., Е.А., З.Н. и Ѓ.А. и набавувал дрога од лица од Косово и Албанија, која ја криел на безбедни локации во село Сингелиќ, Скопје, додека останатите членови вршеле нејзина понатамошна продажба на заинтересирани купувачи од Скопје, Велес и други градови во државата. Дел од членовите биле задолжени да ја измерат и спакуваат во помали пакувања за нејзина понатамошна продажба, а останатиот дел од дрогата ја криеле во куќата кај А.Б.. Заради понатамошна продажба, по инструкции на организаторот, А.Б. го ангажирал Д.Г., а тој ги ангажирал Е.А., З.Н. и Ѓ.А. да најдат лица уживатели на дрога, на кои Д.Г. им ја доставувал со свое возило, со цел да ја продадат за сума од 4500 денари до 6000 денари за грам кокаин, од 200 денари до 300 денари за грам марихуана и од 1000 денари до 1500 денари за грам амфетамин. Паричните средства од продажбата ги давале на организаторот, за што истиот им давал одреден процент.

– При реализацијата е сузбиена и една десетчлена организирана криминална група, чиј организатор е Б.А., во која дел од членовите биле инволвирани во недозволена трговија со оружје и муниција, додека дел биле инволвирани во недозволена трговија со дрога. Во периодот од декември 2022 до мај 2023 година, Б.А., И.А., Д.А., А.С., О.Н. и М.Б. делувале организирано, заради неовластено држење, продавање и набавување на поголемо количество огнено оружје и муниција. Организаторот Б.А. од лице од Косово неовластено набавил автоматска пушка „Калашников“ калибар 7.62 мм, а во повеќе наврати од Д.А., сопственик на стрелиште во Скопје и од А.С., управител на стрелиштето, нелегално набавил поголема количина на муниција (800 куршуми калибар 7.65 мм и 300 куршуми калибар 7.62 мм) која ја купувал по цена од 40-45 денари за куршум. За чување и продажба на оружјето организаторот ги ангажирал О.Н. и М.Б. и кога ќе најдел купувачи по негови инструкции О.Н. го земал оружјето од М.Б. од с.Орланци и го носел на договорена локација во Сингелиќ, каде го продавале по цена од 1000 евра. За транспортот О.Н. добивал по 50 евра, додека останатите пари од нелегалната продажба ги задржувал за себе. За набавка на муниција, организаторот го ангажирал И.А., кој од Д.А. и А.С. набавувал муниција и му ја давал на организаторот Б.А. на договорена локација, каде било и заинтересираното лице кое ја купувало за цена од 70-75 денари за куршум, се појаснува во соопштението од МВР.

Дел од членовите на оваа организирана криминална група, посочуваат од МВР, се инволвирани во уште една организирана група за недозволена трговија со дрога. Во периодот од декември 2022 до мај 2023 година организаторот Б.А. набавувал дрога од лица од Косово и Албанија и ја чувал на безбедни локации, а за понатамошна продажба ги ангажирал членовите во организираната група М.Б., Е.Ш., Ш.С. и М.Б., да наоѓаат купувачи од Скопје и други градови, поради неовластена продажба и пуштање во промет на кокаин и марихуана. Членовите го договарале видот, количината и цената, а по инструкции на организаторот, М.Б. го пренесувал кокаинот од с.Арачиново до Синѓелиќ, каде Б.А. ја продавал на заинтересирани купувачи, додека Е.Ш. пренесувал кокаин и хероин од с.Арачиново и ги продавал на заинтересираните уживатели. За транспорт на дрога го ангажирал и М.Б., кој кокаинот го пренесувал и доставувал на Ш.С. во Шуто Оризари, кој го пакувал и го продавал на лица на подрачјето на Шуто Оризари, за што од организаторот добивал одредена сума на пари.

Лицата моментално се задржани во полициска станица, а по комплетирањето на доказниот материјал ќе бидат изнесени пред надлежен судија. 

Видео: МВР

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ