• Latest

Битиќи: Партнерски чекориме кон климатски отпорна економија

May 31, 2023
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Кога немате леб, јадете колач

September 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вирусологија

September 8, 2026
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Партнерски чекориме кон климатски отпорна економија

May 31, 2023 18:17
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,  Фатмир Битиќи,  и министерката за животна средна и просторно планирање, Каја Шукова, остварија средба со потсекретарот на Обединетите нации и извршен директор на Програмата за животна средина на ОН, Ингер Андерсен и тимот УНЕП што се во посета на земјите од Балканот меѓу кои и Република Северна Македонија.  Теми на разговор беа  Тројната планетарна криза и нејзиното афектирање на нашата држава, досегашната и идна соработка и одржливиот развој.

По посетата на Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун во Северна Македонија во 2012 година, Ингер Андерсен е една од највисоките претставници од Обединетите нации што ја посетуваат земјата.

Во врска со Тројната планетарна криза, климатските промени, загубата на биолошката разновидност и загадувањето како закана за планетата и луѓето, вицепремиерот Битиќи истакна дека и покрај тоа што покрива само пет отсто од Балканскиот полуостров, Северна Македонија е европско богатство на биолошка разновидност.

„Оттука присуството и ангажманот на УНЕП  во Северна Македонија е од големо значење. Еден од најголемите успеси на оваа Влада и УНЕП е прогласувањето на Шар Планина за национален парк, шест децении откога земјата го прогласи последниот национален парк“, рече Битиќи.

Посетата на Андерсен и тимот на УНЕП во Северна Македонија доаѓа во критичен момент не само во Северна Македонија, туку и на глобално ниво, бидејќи оваа година се спроведува среднорочно ревидирање на спроведувањето на агендата 2030 за имплементацијата на Агендата 2030  и целите за одржлив развој што ги покрива прашањата на Тројната планетарна криза.

Вицепремиерот Битиќи во својство на лидер на процесот за имплементација на одржливиот развој, информираше дека Северна Македонија  е во фаза на подготовка за Самитот на целите за одржлив развој, кој овој септември ќе се одржи во Њујорк во рамките на Генералното Собрание на Обединетите нации.

На средбата, вицепремиерот Битиќи рече дека во УНЕП гледа еден партнер за нова соработка во однос на транзицијата кон ниски емисии и климатски отпорна економија, вклучително и адаптација во просторното планирање и климатски отпорна инфраструктура.

Ингер Андерсен од нејзина страна изрази благодарност за посветеноста на Владата на Северна Македонија за проактивното вклучување во справувањето со еколошките предизвици, особено во контекст на Тројната планетарна криза.

„Разговаравме за напорите на Владата на Северна Македонија да се справи со итните прашања за климатските промени, губењето на биолошката разновидност и загадувањето, кои заедно претставуваат голема закана за нашата планета и за нејзините жители. Посветеноста и лидерството што ги покажа вашата администрација во овој поглед не останаа незабележани и ја пофалуваме вашата посветеност за одржлив развој и за благосостојбата на сегашните и идните генерации“,  рече Андерсен.

Потсекретарот на Обединетите нации, Андерсен, истакна дека УНЕП успешно ја поддржа македонската Влада во програмите за заштита на животната средина како што се прогласувањето на Шар Планина за Национален парк, ревалоризацијата на Охридското Езеро заедно со напорите за спас на неговиот статус на УНЕСКО, како и помошта за постигнување одржливо управување. на природните ресурси и сите еколошки приоритети.

„УНЕП е подготвен да ја поддржи Владата на Северна Македонија и е посветен на обезбедување техничка експертиза, совети за политики и поддршка за градење капацитети за понатамошно унапредување на одржливиот развој и зачувување на животната средина во земјата“, рече Андерсен.

Постојаната координаторка на ОН во Р. Северна Македонија,  Росана Дуџак,  изрази задоволство од соработката помеѓу Владата и агенциите на ОН за адресирање на предизвиците поврзани со животната средина, преку посветен ангажман за зачувување на биодиверзитетот, намалување на загаденоста на воздухот, адресирање на климатските промени, ризиците од катастрофи и опасен отпад.

„Постигнатите резултати вклучуваат зголемување на територијата под заштитата на 14% од националната територија, амбициозна заложба за намалување на емисиите на стакленички гасови за 53% до 2030 година и вклучување на аспектите за животна средина и климатски промени во предучилишното и основното образование“, рече Дуџак и изрази надеж дека заложбите на земјата за адресирање на Тројната планетарна криза ќе бидат реафирмирани на Самитот за Целите за одржлив развој во 2023 и ќе се вклучат во Националната развојна стратегија со цел да се забрза одржливиот развој до 2030 година и понатаму.

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова наведе дека партнерствата во животната средина ги смета за исклучително важни и ги истакна очекувањата поддршката на УНЕП да продолжи и во наредниот период, особено во адресирање на Тројниот планетарен предизвик за намалување на влијанијата на климатските промени и зголемена отпорност кон истите, намалување на загубите на биолошката разновидност и намалување на загадувањето на водите, воздухот и почвата.

„Од голема помош би била усогласеноста со предизвиците на евроинтегративните процеси во Поглавјето 27 – Животна средина и клима, имплементацијата на Зелената агенда, како и прекуграничната соработка и регионалниот пристап во заштитата на заедничките екосистеми со соседните земји“, рече Шукова.

Tags: Агенда 2030Битиќиклиматски отпорна економијаУНЕПШукова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ