• Latest

Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик пред Законодавно правната комисија

June 12, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик пред Законодавно правната комисија

June 12, 2023 09:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Законодавно правната комисија денеска треба да го  разгледа Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик, откако на 8 јуни тој доби поддршка од матичната Комисија за култура. Предлагач на законот е Министерството за култура, а целта е подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба во јавната и во службената комуникација, почитување и унапредување на јазичниот стандард и организирање активности во таа насока.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на седницата на Комисијата за култура го образложи Предлог-законот, напоменувајќи дека со новиот закон ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Како што рече, ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање текстови што се објавуваат, како општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа,  службените документи и текстови на овие органи, но и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката.

– Со Предлог-законот ќе се даде правна основа за донесување национална стратегија за македонскиот јазик. Како и досега – и со овој закон проверката на потребното стручно знаење за лекторирање ќе се врши преку полагање испит за добивање лекторска лиценца. За вршење инспекциски надзор над примената на законот се предлага основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице, рече министерката.

Членовите на оваа собраниска комисија треба да дискутираат и за Барањето за давање на автентично толкување на член член 15 ставови 1 и 2 и став 4 алинеи 1, 3 и 5, член 19 став 2, член 38 став 4, член 41 ставови 1 и 2, член 46 ставови 3, 4, 5 и 6, член 66 став 1 алинеја 1, член 67 став 1 алинеја 1, член 68 став 1 алинеја 1, член 69 став 1 алинеја 1, член 70 став 1 алинеја 2, член 71 став 1 алинеја 2, член 72 став 1 алинеја 1, член 73 став 1 алинеја 1, член 79 став 2 алинеи 1 и 5, член 80 став 3, член 83 став 1 алинеја 1, член 88 став 1 алинеја 1, член 90 став 1 алинеи 1 и 2, член 91 став 4 алинеја 2, член 94 став 2 и член 134 став 1 од Законот за градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија” број 15/15,98/15,193/15,226/15,31/16,142/16 и 190/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 275/19), поднесено од градоначалникот на Општина Битола.

Покрај Законодавно правната комисија, во Собранието денеска ќе заседаваат и комисиите за политички систем и односи меѓу заедницитe и за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедницитe  се две точки – Предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот државните награди, двата прво читање.

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да расправаат по Одлуката за објавување јавен оглас за именување на членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, како и за избор на членови на Советот на јавни обвинители.

Фото: МИА Архива

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ