• Latest
Кирјакос Мицотакис (Foto: Wikimedia Commons)

Мицотакис победи во Грција, доби мандат да формира еднопартиска Влада, во парламентот влезе и крајната десница Спартанци

June 26, 2023

Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
Трамп и Зеленски во Овалната соба, 18 октомври 2025 (фото извор: ФБ страница на Володимир Зеленски)

Изгубени во преводот: Средбата Трамп–Зеленски и создавањето на една пропагандна приказна

October 22, 2025

(ВИДЕО) По пукањето и пожарот пред Парламентот во Белград, Американската амбасада издаде безбедносно предупредување

October 22, 2025

Мицкоски најави инвестиција од 150 милиони долари во наменската воена индустрија во Северна Македонија

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мицотакис победи во Грција, доби мандат да формира еднопартиска Влада, во парламентот влезе и крајната десница Спартанци

June 26, 2023 09:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Кирјакос Мицотакис (Foto: Wikimedia Commons)

Кирјакос Мицотакис (Foto: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Нова демократија со потребното парламентарно мнозинство за формирање еднопартиска влада, Парламент со осум партии, 13 отсто од гласовите и 35 пратенички места отидоа кај радикално десничарски партии, а место во Парламентот обезбеди и досега непознатата Спартанци, поддржана од осуден поранешен член на Златна зора, покажуваат резултатите од парламентарните избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Со пребројани 91 отсто од гласовите Нова демократија добива 40,52 отсто од гласовите, 22,68 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА.

Партијата победник доби 158 пратенички места со што Кирјакос Мицотакис ќе може да формира еднопартиска Влада.

Во однос на распоредот на силите во грчкиот Парламент, СИРИЗА е втора со 17,84 проценти и 47 пратенички места, ПАСОК е на третата позиција со 11,95 отсто и 32 пратенички места, Комунистичка партија добива 7,62 отсто и 20 пратеници.

Потоа следат десничарските партии: Спартанци со 4,70 отсто и 13 пратенички места, Грчко решение 4,48 отсто и 12 пратенички места и Победа со 3,72 проценти и десет пратеници.

На последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на Парламентот од редовите на СИРИЗА, Зои Константопулу со 3,16 отсто и осум пратенички места.

Од десничарските партии, Грчко решение беше дел и од претходниот пратенички состав, додека пак солунската Победа и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис прв пат ќе влезат во Парламентот.

Излезноста е официјални информации е 52,41 отсто.

На претходните избори на 21 мај годинава, Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, СИРИЗА беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во Парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    182 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ