Тројцата припадници на косовската полиција кои беа уапсени на 14 јуни, се ослободени.
„Конечно“, напиша на својот ФБ профил првиот секретар на Канцеларијата за врски на Косово во Белград Фатмир Хаџоли откако денеска ги ослободи судот во Кеаљево.
Приштина тврди дека полицајците биле киднапирани од територијата на Косово, а од Белград велат дека биле уапсени на територијата на Србија.
Како што претходно соопштија српските власти, тие се осомничени дека сториле кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи за што е предвидена казна затвор до 12 години.
Фото: Фатмир Хаџоли