• Latest

Дигитализација во здравството – дали и колку се заштитени здравствените податоци на граѓаните?

July 3, 2023
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија и Франција ќе го ратификуваат договорот за враќање на мигрантите

August 5, 2025

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани во Нови Сад ја одбележаа годишнината од операцијата „Олуја“

August 5, 2025

Дождот ги изгасна сите пожари во земјава

August 5, 2025
Наводна слика од запален вагон на железничката станица Салск во Ростовската област на 29 јули 2025 година, за време на голем украински напад со беспилотни летала врз регионот. Фото: Elilenova_plus/Telegram

Железничката станица во руската Ростовска област цел на масивен напад на украинските дронови, 2 руски рафинерии го намалија производството по нападите врз нафтената инфраструктура

August 5, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Нетанјаху ќе побара „целосно освојување“ на Газа, преговорите за прекин на огнот стигнаа до ќорсокак

August 5, 2025
Жаир Болсонаро, Бразил (Wikimedia Commons)

Поранешниот претседател на Бразил, Болсонаро во куќниот притвор – САД со осуда

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Дигитализација во здравството – дали и колку се заштитени здравствените податоци на граѓаните?

July 3, 2023 11:29
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Мое здравје“, „Телемедицина“, „Е-рецепти“, се само дел од дигиталните услуги кои ги нуди Министерството за здравство, а министерот Фатмир Меџити сè повеќе ги промовира и најавува новите дигитални услуги преку кои граѓаните ќе имаат опција што е можно повеќе да ги избегнуваат непотребните редови и чекања пред болничките шалтери.

Последна од низата дигитални услуги е апликацијата „Мое здравје“, која нуди пристап до целосната здравствена евиденција на граѓаните – од прегледи до специјалистички упати, рецепти и евиденција за вакцини. Од Министерството за здравство пишуваат дека таа е креирана со цел да ја подобри пристапноста и управувањето со здравствените услуги и податоци преку нивна централизација на едно место.

Досега, како што информираа од Националниот систем за електронски евиденции во здравството – „Мој Термин“ за Мета.мк, оваа апликација ја симнале 11.000 граѓани и интересот е голем, но сепак, како што велат, процесот на креирање eID (електронски идентитет) е таков што е потребно малку повеќе време, бидејќи мора лично да се потврди идентитетот преку системот за единствена најава, односно со користење профил за eID.

Сепак, со оглед на тоа што бевме сведоци на голем број хакерски напади врз електронските системи на неколку државни институции, вклучително и на Фондот за здравство, а и на глобално ниво се живее во загрозен свет на сајбер безбедност и хибридни закани, граѓаните до одреден степен со резигнација гледаат кон дел од дигиталните услуги, особено доколку станува збор за сензитивни податоци, како што се здравствените, пишува мета.мк

Фото: Принтскрин, Мое здравје

Токму од тие причини побаравме и објаснување од Министерството за здравство колку се безбедни овие дигитални апликации, како на пример „Мое здравје“, и дали граѓаните со целосна доверба можат да пристапат и да ги користат. Оттаму ни одговорија дека големо внимание се посветува на безбедноста на целиот систем, вклучувајќи ги и личните податоци на граѓаните. Досега, како што велат од Министерството, направен е обемен тест на безбедноста на системот (Penetration Test), а во системот се применуваат и се вградени сите потребни механизми за заштита на податоците.

„Податоците на граѓаните се на централна локација која се наоѓа во дата центар на факултетот ФИНКИ. Секој неавторизиран пристап е недозволен. Секој осигуреник, преку порталот и мобилната апликација може да пристапи само до своите или до овластените лични и медицински податоци, но предходно е подложен на повеќеслојна безбедносна проверка. Од тој аспект се одлучивме за користење eID, на која корисникот треба да е најмалку – ниско ниво на eID, што подразбира дека во процесот на регистрација во одреден момент бил проверен и потврден физичкиот идентитет со ваше лично присуство, со приложување важечки документ за лична идентификација и со дополнителна проверка и потврда на вашите податоци во Централниот регистар на население (ЦРН). Врз основа на вашиот потврден физички идентитет, се креира вашиот eID на ниско ниво“, велат од Министерството за здравство за Мета.мк.

Инаку, најавата со ниско ниво на eID профил подразбира автентикација со корисничко име и лозинка. Таа се врши преку Националниот портал за е-Услуги кој е единствен портал за валидна автентикација на граѓаните. Корисникот не креира профил во апликацијата за да се најави, туку најавата оди директно преку eID.

„Во поглед на целиот процес на изработка во проектот беа вклучени во поголем обем инженерите од компанијата Сорсикс, која го изработи ова решение, тие беа вклучени од аспект на развој, тестирање, имплементација и дизајн, дополнително од Управата за електронско здравство учествуваме во целиот процес како тело задолжено за воспоставување и развој на интегрираниот здравствен информатички систем“, велат од „Мој Термин“ за Мета.мк.

Оттаму додаваат дека постојано работат на унапредување на дигитализацијата во јавниот здравствен систем, но дека воведувањето на промените кои се однесуваат на дигитализацијата зависат и од други фактори, како што се уредување на правна регулатива, финансирање и сл.

Една од најновите надградби на системот „Мој Термин“ е модулот за Хибридно здравство, кој сè уште е во почетна фаза. Целта е да обезбеди можност за подобрување на комуникацијата меѓу лекарите од примарна здравствена заштита и лекарите од секундарно и терциерно здравство.

Од страна на Лекарската комора се избрани матичните лекари кои учествуваат во пилот фазата и имаат можност да се консултираат со лекарите специјалисти за состојбата на нивните пациенти, без да мора пациентите физички да одат на преглед кај лекарите специјалисти.

Како еден од модулите во поглед на дигитализацијата во здравството, наведена е и телемедицината, односно пациентите да не мора да ја посетуваат ординацијата на лекарот, туку современа технологија да им овозможи на лекарите да имаат консултација со пациентите преку видео конференција.

„Преку овој модул, лекарите може да закажат преглед за даден пациент во точно определен термин. При закажување на термин за даден пациент од страна на лекарот, на пациентот му се испраќа линк по СМС и е-маил, на кој што може да се вклучи во дадениот термин. Преку видео-повик лекарот може да ја дознае здравствената состојба на пациентот и да постави дијагноза, како и да даде соодветни насоки за понатамошно третирање на пациентот“, се вели на веб-страницата „Е-здравство“.

Националниот систем за електронски евиденции во здравството – „Мој Термин“ беше воведен во 2011 година, а оттогаш беа имплементирани модулите за „Е-упат“ и „Е-рецепт“. Системот „Мој термин“ се користи од страна на приближно 18.000 корисници, од кои 10.000 се лекари.

Извор: мета.мк

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дигитализацијаздравствомое здравје
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ