• Latest
Фото: Укринформ

Пресретнати пет беспилотни летала во близина на Москва, пренасочени летовите од Меѓународниот аеродром Внуково

July 4, 2023
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пресретнати пет беспилотни летала во близина на Москва, пренасочени летовите од Меѓународниот аеродром Внуково

July 4, 2023 09:32
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Укринформ

Фото: Укринформ

Share on FacebookShare on Twitter

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во вторникот пресретнало пет беспилотни летала во близина на Москва во, како што го нарече во изјава на Телеграм „терористички“ напад , пренесува Си – Ен – Ен.

Четири од беспилотните летала биле пресретнати од воздушната одбрана во регионот на Нова Москва, додека петтиот дрон бил „потиснат со електронска војна и паднал на територијата на областа Одинцово во Московската областсе вели во соопштението.

Нема жртви како резултат на пресретнувањето со дрон, соопшти Министерството.

Меѓународниот аеродром Внуково, еден од четирите аеродроми кои ја опслужуваат Москва, пренасочи шест летови во вторникот, се вели во соопштението на Росавијација, Федералната агенција за воздушен транспорт на Русија.

Не е јасно дали промените се поврзани со претходните извештаи на државните медиуми дека во вторникот во близина на главниот град беа соборени два дрона.

„Поради технички проблеми кои не се управувани од самиот аеродром, Внуково воведе ограничувања за пристигнување и полетување на авионите од почетокот во 5:10 часот“, се вели во соопштението на Росавијација.

Ограничувањата на летовите кои пристигнуваат и полетуваат од аеродромот Внуково останаа во сила до 8:00 часот, соопшти Росавијација.

Другите аеродроми во Москва и регионот околу главниот град работат нормално и без ограничувања, се вели во соопштението.

Предходно, државната новинска агенција ТАСС објави дека едното беспилотно летало било пресретнато во Новаја Москва (Нова Москва), а другото во Калушката област. Нема повредени или материјална штета, објави државната РИА Новости.

Обид за напад со (наводно) украинско беспилотно летало го принуди аеродромот што ја опслужува Москва да пренасочи „некои летови“ во вторникот, изјави градоначалникот на руската престолнина.

„Од безбедносни причини, некои летови од аеродромот Внуково се привремено пренасочени“, рече градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на Телеграма.

Сите откриени беспилотни летала се елиминирани од силите за воздушна одбрана и нема жртви или повредени, додаде тој.

Руските државни медиуми претходно објавија дека два дрона биле соборени во вторникот во близина на главниот град.

Подготви: Д. Мишев

Tags: беспилотни леталаМосква
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ