• Latest

Ковачевски ќе го образложи предлогот за уставни измени пред пратениците на собраниската Комисија за уставни прашања

July 24, 2023

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
Фото: ФБ Мицкоски

Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

August 4, 2025
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

August 4, 2025

Десет дена и илјада потписи за Зелен Хуман Град да стане политичка партија

August 4, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Главната порака ќе им ја испратиме во октомври – им порачаа граѓаните на властите

August 4, 2025
Хамас објави видео снимка од заложникот Евјатар Давид, кој е во очајна состојба. Фото: Скринчот од видео на Guardian News

Светските лидери ги осудуваат објавените видеа од изгладнетите израелски заложници во Газа, додека Црвениот крст бара пристап до нив

August 4, 2025

Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободил во вратот, стомакот и надлактицата

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно ги прикажува последиците од нападот со украински дрон врз железничката станица Арчеда во градот Фролово во руската Волгоградска област преку ноќ на 4 август  Фото: Х

Масивен украински напад со дронови ја таргетираше руската железничка станица во Волгоградската област

August 4, 2025

Над 8 милјарди тони пластика го загадува светот, помалку од 10 отсто се рециклира

August 4, 2025
Aleksandar Vucic/Milorad Dodik
Source> Wikipedia

Вучиќ одбива да ја признае пресудата против Додик: Србија повторно против меѓународната заедница

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски ќе го образложи предлогот за уставни измени пред пратениците на собраниската Комисија за уставни прашања

July 24, 2023 15:04
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Финализираат подготовките пред утрешниот почеток на седницата на Комисијата за уставни прашања во Собранието со единствена точка на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. Денеска се одржа редовна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која не присуствувале од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според информации на МИА, Џафери ја повторил постапката за текот на седницата пропишана во Деловникот на Собранието, но конкретен договор или евентуална листа на говорници немало. Очекувањата на дел од присутните на координативната средба се дека Џафери ќе комуницира со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски до пред почетокот на седницата. Според Деловникот дебатата за уставните измени може да трае десет работни дена односно да заврши на 7 или 9 август.

На утрешната седница на Комисијата за уставни прашања, по усвојувањето на дневниот ред, Предлогот во 30 минути ќе го образложи премиерот Димитар Ковачевски, а по него ќе зборуваат пријавените членови и заменици на ова законодавно тело, а потоа право за збор ќе имаат и други пратеници.

Најавите се дека пријавени за збор ќе има од сите пратенички групи, како и дека на Комисијата ќе учествуваат и пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која е против уставни измени. Се очекува тие да го образложет нивниот став против уставни измени.

Претседател на Комисијата за уставни прашања е по функција престедателот на Собранието Талат Џафери, негов заменик е Арта Биљали-Зендели, членови на Комисијата се Даниела Стојановска Пановска, Ненад Коциќ, Мартин Костовски, Емилија Рамбабова, Илија Николовски, Даниела Маркоска, Марија Ангелова, Антонијо Милошоски, Јован Јаулески, Лидија Петкоска, Гордана Сиљановска Давкова, Дафина Стојаноска, Иван Стоилковиќ, Фиснике Бектеши Шаќири, Ремзи Мехмеди, Ане Лашкоска, а шеснаесет други пратеници се заменици – членови на Комисијата.

Членот 196, став 2 од Деловникот за работа на Собранието предвидува претресот по предлогот за пристапување кон измена на Уставот во Комисијата за уставни прашања да трае најмногу десет работни дена. Член на Комисијата за уставни прашања и пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Според соопштението од Собранието, со оглед на тоа што 2 Август е неработен ден, а за 27 јули веќе е закажана седницата за пратенички прашања, се очекува работата на Комисијата за уставни прашања да заврши меѓу 7 и 9 август. По што, како што стои во членот 196 став 1 од Деловникот, за предлогот за пристапување кон измена на Уставот, на седницата на Собранието се води претрес во целина кој може да трае најмногу десет работни дена. Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати но не повеќе од 30 минути вкупно.

Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието ја носи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници односно со 80 гласови. Доколку го нема потребното мнозинство, постапката не може да продолжи.

Ако со двотретинско мнозинство, се усвои потребата за донесување на уставни измени, Собранието усвојува заклучок и го праќа материјалот до Владата. Собранието, со заклучокот утврдува рок во кој подносителот односно Владата, изготвува текст на нацртот на амандманите на Уставот, кој го доставува до претседателот на Собранието, по што Собранието во истоветна процедура во смисла на рокови ќе расправа по нив, соопшти парламентарната прес служба.

Тоа веќе е втората фаза од постапката за менување на Уставот што опфаќа подготовка и утврдување на нацрт-амандманите.

Деловничките рокови нормираат дека од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена. Во оваа фаза, претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена и во Комисијата и на пленарната седница, но повторно – бидејќи секој пратеник може да зборува вкупно не повеќе од 20 минути оваа фаза може теоретски да заврши побрзо од максимално дозволените рокови.

Откако Парламентот со најмалку 61 глас ќе ги утврди нацрт-амандманите, тие одат на јавна дискусија, што е меѓуфаза пред третата завршна етапа од постапката за измена на Уставот. По јавната дискусија, чие времетраење го утврдува Собранието при усвојување на нацрт-амандманите, Владата ќе треба да ги изготви предлог-амандманите. И повторно, од моментот на доставување на предлог-амандманите во Собранието до одржувањето на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Деловникот предвидува точни рокови за претрес во Законодавно-правната и Комисијата за уставни прашања, како и на пленарната седница.

Конечната одлука за усвојување на амандманите се носи со најмалку 80 гласа, а за амандманот на Преамбулата освен двотретинско, потребно е и Бадентерово мнозинство.

Ако постапката се одвива според најкусите можни рокови, за финализирање на трите фази ќе требаат најмалку три и пол месеци.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: комисијаСобраниеуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободил во вратот, стомакот и надлактицата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ