• Latest
Војо Маневски

Страв од летање

July 24, 2023
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Страв од летање

Каде спијат сенките од минатото? Се будат ли на некаква музика или на нема тишина? Што е потребно за да ги видиме? Посебни очила или отворени очи? Се будат ли договорите и плановите од пред повеќе од еден век а ние тоа сѐ уште не го гледаме? Сѐ си мислам дека сцената е иста или со спортски речник - иста мета исто растојание.

July 24, 2023 15:39
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа уставните промени, не е ниту чин на патриотизам. Тоа е едноставно чин на немање историска одговорност и признавање на сопствената компромитираност и неспособност.

Најлесно е да се каже дека си патриот и да побегнеш од  борбата. Наместо фронтална битка која ќе се одвива ден за ден, секојдневно да соочуваат факти и да се опстои на вистината, ВМРО-ДПМНЕ бира пасивна позиција, се трга од бојното поле и глуми Калимеро – нема правда!

Па нема правда господа, треба да се избориш за неа! Треба да имаш јасна мисла, јасна цел, стратегија и тактика, да имаш доверба во соборците и да дозволиш најдобрите да ја водат битката. Аматеризмот и не е толку страшен, дилетантизмот е погубен кога се заобиколуваш со медиокритети на кои многу им е важно „народот“ да мисли дека се херои за да се дофатат до толку посакуваната позиција – позиција на ВЛАСТ! Лесно е со бајки да го излажеш напатениот народ и да му кажуваш дека сите се против него, ама тој е силен, ЌЕ ИЗДРЖИ! Што ќе издржи, до кога ќе издржува? Ќе ја водиме војната до последниот МАКЕДОНЕЦ и после ќе кажуваме дека херојски сме загинале?

Не, тоа е неприфатливо!

Одговорноста на лидерот е на следбениците да им ги кажува и лошите вести, проблемите… и да им каже како ќе ги реши, да ги заштити! Извртувањето на фактите и манипулација, беседења што убаво звучат  на краток рок, а при тоа немаат никаква поткрепа во реалноста е недозволиво. Тоа што се прави политичко самоубиство е лошо, ама што се прави убиство на перспективата на цел еден народ е катастрофа!

Сегашната власт одигра лошо, и со преспанскиот договор и промената на името и со неспособноста да се избоксува подобра преговарачка рамка. Сѐ можеше да биде подобро. И затоа треба да биде казнета. На Македонија и е потребна подобра власт, дефинитивно.

Но, КОЈ? Ова прашање безмилосно буши во главите на луѓето кои мислат со своја глава и ги доведува во очај.
Зар може да се верува некому кој се плаши да влезе во војна, сака да глуми жртва и да не презема одговорност? Некому кој игра на карта на разочараност на граѓаните а не да добие заради тоа што има сопствени квалитети?

Дали воопшто во ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ги пресметаат ризиците или се упорни да се коцкаат со пасивизација? Како не согледуваат дека одбивањето на уставните измени не е ништо друго освен доведување на Македонија во подредена позиција? Борбата се води и ќе се води со аргументи, а така аргументите се ставаат на страна на Бугарија. Не нѐ вика ЕУ да влегуваме кај нив, ние тропаме на нивната врата. Затоа, тие ги поставуваат условите. Ако не ги прифаќаме, да се договориме – бегај блуднице, не сакаме кај тебе, ќе си одиме по свој пат!

Ама, можеме ли така? Можеме ли?

Што значи отпорот да се внесат Бугарите во Уставот? Ќе не бугаризираат? Тие 3500 луѓе ќе бугаризираат 1,5 милион? Или сакаме на светот (ЕУ) да му кажеме дека:

– во Македонија има многу повеќе Бугари и ние се плашиме да се разбере вистинската бројка,
– ние вршиме репресија врз тие Бугари и затоа не се пријавуваат дека се Бугари,
или
– ние сме продаден народ, се продаваме евтино и Бугарите ќе не купат сосе партали.

Повелете, кажете дека некој кој од страна ја следи состојбата нема да каже дека такви би биле заклучоците. Што ќе ја спречи Бугарија да не нѐ нападне со сите политички оружја кога токму ние им ја даваме муницијата?

Дополнително, речиси секој про-вмровски „аналитичар“ кажуваше во дебатите дека ако ги ставиме Бугарите во Уставот, одеднаш ќе се појавиле 100.000 Бугари, ќе барале училишта, вработувања, позиции по паритет… Која е пораката за некој неутрален аналитичар или политичар од ЕУ? Кои се тие што ќе бараат права, Бугари или побугарчени Македонци? Ги има ли тие 100.000 кај нас? Зарем вмровците толку евтино го нудат СВОЈОТ народ? А тврдат дека го заштитуваат…
Луѓе бре, сами се минираме и после крив ни е Цацко! Сѐ што сме граделе како толерантно општество си го рушиме за секунда, од позитивци стануваме негативци. Објаснувај ти после ако можеш, ама нема кој да ти верува. Самиот си си го сместил.

А зошто да не ја кажеме вистината – во Македонија има толку и толку Бугари? Тие Бугари се ценети граѓани во Македонија како и сите други народи и ги уживаат истите права. Не се виновни тие за неразумната политика што ја води нивната матична држава кон Македонија и нема да трпат никакви последици. Ќе ги ставиме во Уставот.

И потоа, ајде да видиме каква е позицијата на Македонците во Бугарија… Ајде да ги соочуваме фактите, да видиме зошто во Бугарија не се почитуваат правата на Македонците? Ајде објективно да ја читаме историјата!
Имаат што да изгубат и Бугарите во таква дебата, не се толку супериорни, ама треба да ги втераме во ќош, а не да бегаме од рингот.

Штета што не можам  сите „бранители на идентитетот“ да  ги разбудам да ги протресам да прогледаат да  почнат да мислат! До толку да си ќорав да не гледаш дека агресивната бугарска политика кон нас може да се скроти само ако се почнат и напредуваат преговорите, ако се вклучи арбитар „по службена должност“? Тогаш нема да можат толку лесно да донесуваат декларации дека Илинден е бугарско востание затоа што ќе мораат да дадат образложение кое ќе се стави на вага, а нашата страна секогаш ќе биде потешка. Зошто „бранителите“ не сфатат дека се „распродавачи“ и дека оставањето на состојбата во Статус Кво е во бугарски прилог? Кој тоа не го гледа, мора да е опиен од фантазијата за власт по секоја цена, па макар и сѐ да пропадне. Или можеби сфаќаат?? Се оди по многу, многу тенка жица драги мои и се е можно или за нив ова е само журнал,филмот им е друг..

ВМРО во името е претежок товар за немоќните плеќи на сегашните “вмровци”. Ги притиска, заглавуваат и ги влечат сите со нив,  е пусто мацедонише цуштенде.

Тешко е бистро да се размислува во лет а неможно во сон.

Секој лет има и слетување што може да биде болен пад.

Од секој сон има расонување и покрај тоа што сѐ уште ги држиш очите затворени. А пред да ги рашириш зениците, низ свеста ти прелетува мислата – а  можеби сето ова има некоја друга цел што јас не ја распознавам затоа што е покриена со патриотски зборови?

Што ако целта е токму она што го очекува Бугарија? Што ако меѓу купиштата пароли, некаде на мала вратичка се протне тезата за неодржливоста на ваквата Македонија и  излезот да се бара некаде на Север, па така да се стави крај на расправата за линијата на Миловановиќ и Гешов од 1912-та? Ќе има ли Вардарска Бановина, Северна Грција и Западна Бугарија? И што уште ќе има? Комити и војводи од дрмките (Фејсбук), политички профитери и крај на македонското  прашање. А што ќе нема?Нема Македонија ,нема македонци. Е, ај заспиј ако смееш, мајчин сине!

Затворените клепки не помагаат,  потребни се ширум отворени очи.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: БугариВМРО-ДПМНЕуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ