• Latest

Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес

July 26, 2023

ХРВАТСКА ПОСТИЗБОРНА ПАНОРАМА: Кој слави, а кој анализира?

June 4, 2025

(ВИДЕО) ДУПЛО ЕСПРЕСО со Драган Мишев и Џабир Дерала: Зошто не беа успешни преговорите меѓу Украина и Русија во Истанбул?

June 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Руските пропагандисти поделени помеѓу потценување на украинската операција „Пајажина“ и упатување закани со нуклеарен напад 

June 3, 2025

24 ЧАСА: Пратениците се попишманија – нема да забранат протести пред Собрание; Марта Кос бара од Скопје и Софија да најдат решение; Украинците го минираа Кримскиот мост

June 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на YTN

Излезните анкети предвидуваат победа за опозицискиот кандидат Ли Џе-мјунг на претседателските избори во Јужна Кореја, по хаосот околу импичментот

June 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски: Македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска

June 3, 2025
Фото: ВИ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за јавните караници меѓу Данела Арсовска и Христијан Мицкоски?

June 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Безбедносната служба на Украина (СБУ)

СБУ на Украина повторно напаѓа: Минирани и оштетени подводните потпори на Кримскиот мост

June 3, 2025
фото: Фејсбук Курто Дудуш

Лимани: Доделени 26 нови грантови за развој на социјални услуги на локално ниво – грижа што стигнува до секој дом

June 3, 2025
Фото: профил на чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски на Х

Чешкиот министер за надворешни, Липавски за рускиот „меморандум“: Нацистите го сакаа ова во 1938 година

June 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес

July 26, 2023 09:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3 000 беа повредени.

На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Притоа, беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата.

По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје.

Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град.

На 23 септември 1963 година, 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. Подоцна, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

На 14 октомври, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје, во која се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.

Шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје денеска ќе се одбележи со повеќе активности.

Владина делегација предводена од вицепремиереот за европски прашања, Бојан Маричиќ,  во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу, ќе положи цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот на гробиштата Бутел.

Преку проектот на Министерството за култура насловен „Скопје во пет и седумнаесет“ ќе се реализираат повеќе настани на неколку локации низ главниот град. Активностите во рамки на проектот почнаа синоќа во паркот „Ибни Пајко“, со концерт со македонски евергрин композиции и стихови посветени на Скопје.

Програмата денеска ќе продолжи во Музејот на современата уметност (МСУ) каде што ќе биде отворена дигиталната изложба „Подемот и падот на Скопје“ на Државниот архив, преку фотообјективот на Киро Георгиевски, вработен во Градското собрание во 1950-тите години. Изложбата во МСУ ќе може да се посети од 10 до 13 часот и од 15 до 17 часот.

Во рамки на фестивалот „КРИК 06: Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина“ вечер во Музејот на Современа Уметност (МСУ) предавачот Михаел Хајнрих ќе одржи јавно предавање на

Кон одбележувањето на 60-годишнината на скоскиот земјотрес ќе се приклучи и Кинотеката каде што од 18 часот ќе биде прикажан избор од кратки филмски журнали на „Филмски новости“ по повод земјотресот во Скопје. Филмовите прикажуваат автентични архивски снимки од урнатините на градот, а  во нив е документирана и меѓународната помош.

Програмата „Скопје во пет и седумнаесет“ во исто време (20 часот) ќе се реализира и во Шалтер салата на Пошта и на зградата на Телекомуникацискиот центар, каде што креативниот тим на „Скопје лајт арт дистрикт“ ќе изведе аудиовизуелни инсталации со ласерска проекција и 3Д-мапирање како илустративен приказ на земјотресот и на обновата. Истовремено, на локации на Скопското кале и на високите кули во Карпош 1 и 2 ќе има визуелна проекција со 3Д-мапирање.

Во Музејот на Град Скопје, пак, кој  е еден од највпечатливите потсетници за скопскиот земјотрес, ќе се одржи мултимедијалниот настан на Терапија –„Зборувај за Скопје“, кој содржи ликовни изложби, проекции на филмови, визуелна уметност и музичка програма, клупска музика, настан за урбаното и модерно Скопје. Изложбата ќе биде отворена денеска и во наредните два дена.

Во организација на Црвен крст, а под мотото „За Скопје со љубов“, денеска ќе се одвиваат неколку активности како цртање на мурал, интерактивна обука  за справување со катастрофи, иницијатива за пишување на писма  и телеграми, изложба на капацитетите на Нaционално друштво на Црвен крст и дружење со вработените и волонтерите на Црвениот крст.

Во Младинскиот културен центар пак, вечер ќе настапат скопските музички состави Педро Хорисонте, бендот Луфтанза и етно групата Баклава, која воедно ќе го промовира и своето најново издание насловено како „За Скопје со љубов”.

Во Галеријата на МКЦ е предвидена изложба на фотографии на Ристо Костовски, насловена „Попатни одблесоци”, а во галеријата 2 ќе биде отворена изложба на фотографии од збирките разгледници издадени од МАРХ Македонска архитектура од авторот на проектот Филип Конески со наслов „Бетонско Скопје”. Изложбата е поддржана и од Градот Скопје и Министерството за култура.

Дел од активностите, е и покренувањето на иницијатива за возобновување на муралот на Борко Лазески „Фреска за НОВ“ кој беше уништен во земјотресот во 1963 година.

Фото/ МИА Архива, МКЦ, Кинотека

Print Friendly, PDF & Email
Tags: земјотресземјотрес 1963СКОПЈЕ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ