• Latest
https://www.march.es/es/madrid/conferencia/shlomo-ben-ami

Шпанија избегна крајно десничарски куршум

July 27, 2023
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Шпанија избегна крајно десничарски куршум

July 27, 2023 14:07
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
https://www.march.es/es/madrid/conferencia/shlomo-ben-ami

https://www.march.es/es/madrid/conferencia/shlomo-ben-ami

Share on FacebookShare on Twitter

 ШЛОМО БЕН-АМИ

Пред неколку дена, партијата Вокс се чинеше дека е на раб да стане првата крајно десничарска партија во владата на Шпанија од крајот на диктатурата на Франциско Франко пред речиси 50 години. Тоа не се случи, но шпанската политика можеби сепак се движи кон ново и нестабилно поглавје.

МАДРИД – „Шпанија е различна“ е фраза што често се користи како замена за нијансирана анализа на случувањата во земјата. Но, Шпанија навистина беше различна во нејзината мирна транзиција кон демократија по крајот на диктатурата на Франциско Франко – што го измисли клишето – и сеопфатната модернизација која следеше. Исто така, беше различна и по тоа што немаше крајно десничарска партија да се бори за политичка моќ – статус што се чинеше дека го губи но сега некако успеа да го врати.

Додека многу европски земји – вклучувајќи ги Австрија, Франција, Германија и поголемиот дел на Скандинавија – долго се бореа да ги воздржат нивните ссодветни прото-фашистички партии, шпанската централно-десничарска Народна партија успеа да ги интегрира преостанатите франкоистички сили, а со тоа да го намали нивното влијание. Ова се промени во 2014 година, кога Сантијаго Абаскал ја основа партијата Вокс, чија неонацистичка агенда брзо привлече значителна поддршка: пет години подоцна, Вокс освоија 52 места во шпанскиот парламент.

Пред неколку дена, Вокс се чинеше дека е на раб на уште една пресвртница: да стане првата крајно десничарската партија во владата на Шпанија од крајот на режимот на Франко. Анкетите сугерираа дека, на предвремените избори минатата недела, гласачите ќе ја отфрлат фракциската левичарска коалиција на премиерот Педро Санчез во корист на Народната партија – главната шпанска конзервативна опозициска партија – на која сигурно ќе ѝ треба поддршката на Вокс за да дојде на власт.

Наместо тоа, Народната партија доби помалку места од очекуваното, оставајќи ја со вкупно 136, а Вокс изгуби 19 места. Заедно, двете партии не ги обезбедија 176-те места потребни за формирање мнозинство, а Народната партија нема природни сојузници освен Вокс за да ја зголеми потенцијалната коалиција.

Секако, Социјалистичката работничка партија на Санчез (ПСОЕ) и нејзиниот коалициски парнер Сумар, исто така, потфрлија – сегашниот владеачки сојуз, кој го вклучува и Подемос, сега има само 153 места – оставајќи ја Шпанија со обесен парламент. Но, ПСОЕ можеби ќе успее да ја врати власта со обезбедување на поддршката од регионалните националистички партии на Баскија и Каталонија. Со други зборови, се чини дека на Народната партија ѝ снемува избор, а на ПСОЕ не.

Како успеа Санчез да добие уште една шанса да ја води Шпанија? За почеток, тој има релативно силно економско досие. И покрај нејзините раскошни социјални политики, владата во заминување успеа да ја скроти инфлацијата, да ја намали ендемично високата невработеност и да негува стабилен раст. БДП се зголеми за 5,5% како во 2021 година, така и во 2022 година, со што економијата на Шпанија стана една од економииме на еврозоната со најдобри резултати. Иако може да се очекува помал раст оваа година, во најголем дел поради ефектите од украинската војна, Шпанија се чини дека е на пат да ги надмине повеќето нејзини европски колеги, при што Банката на Шпанија предвидува раст од 2,3%.

Секако, економската ситуација на Шпанија не е розова. Невработеноста останува на 12,7% – една од највисоките стапки во Европската унија– иако вистинската невработеност веројатно е пониска, затоа што многу работници можеби заработуваат во непријавената економија. Уште повеќе, како и во останатиот дел на Европа, купувачи на станови и куќи и сопстениците со хипотеки се под сериозен притисок, поради високите каматни стапки.

Втората причина зошто Санчез е во посилна позиција од неговите противници е посуштинска. Предвремените избори беа врамени како еден вид Kulturkampf, војна на вредности меѓу католичкиот конзерватизам и прогресивниот лаицизам.

Десницата мобилизираше поддршка со обвинување против Санчез дека ги напаѓа традициите и вредностите кои им се драги, како што е со проширување на правата за абортус, воведување на прогресивни закони за поддршка на правата на трансродови лица и усвојување на законот „само да значи да” за сексуална согласност. Вокс, од друга страна, го негира самото постоење на родово базирано насилство.

Покрај тоа, десницата ги осуди напорите на Санчез да ја исчисти Шпанија од остатоците на наследството на Франко. Владата на Санчез го нареди преместувањето на посмртните останки на Франко од мавзолејот „Долината на паднатите“ на поскромна локација и донесе закон за спроведување „правда, репарација и достоинство“ за жртвите на Франко.

Групата на Санчез, од своја страна, предупреди дека колацијата Народна партија/Вокс би ја вратило Шпанија назад во нова ера на мрак и поделба потсетувајќи на 1936-39 година, кога земјата беше растргната од граѓанската војна предизвикана од каталонскиот и баскискиот сепаратизам. Кажува дека партијата која има изградено подобри односи со сепаратистичките сили сега има подобри шанси за владеење.

Всушност, владата на Санчез активно се трудеше да ги обнови односите на централната власт со каталонските сепаратисти, кои беа сериозно нарушени за време на владата предводена од Наросната партија во 2011-18 година. За таа цел, Санчез ги помилува каталонските сепаратистички лидери кои издржуваа затворска казна за спроведување на противзаконски референдум за независност во 2014 година и го намали кривичното дело за отцепување за кое беа обвинети.

Санчез, исто така, работеше со каталонските и баскиските сепаратистички партии во деонесувањето на клучни реформи. Со многу гнев кај конзервативците, тој дури постигна договори со Билду, чиј лидер Арналдо Отеги, беше притворен во 2010 година за соучество во злосторствата на ЕТА, сега веќе распушената баскиска терористича организација.

Сепак, овие партии  нема да поддржат нова влада на Санчез за без пари. Нивните барања – на пример, обврзувачки референдум за самоопределување на Каталонија – може дури да излезе да се забранети. Тие сигурно ќе ја налутат шпанската десница. Нова влада предводена од Санчез со поддршка на овие партии, оттука би била многу контроверзна и би можела да отвори ново, нестабилно и опасно поглавје во шпанската политика.

Лидерите на Шпанија треба да размислат за голема коалиција и широк политички договор  за ажурирање на некои од уставните премиси врз кои е изграден нејзиниот квази-федерален систем. Наместо да се додворува на поделбата од периодот на граѓанската војна, ваквата коалиција би го вклучила духот на помирување, консензус и државништо што ги карактеризираа раните години на шпанската транзиција кон демократија.

Што и да се случи следно, може да ѝ се верува на Шпанија дека успешно ќе го преброди. Филозофот Хозе Ортега и Гасет еднаш напиша, „Шпанија е проблемот, Европа е решението“. Шпанците ова си го сфатија при срце, дејствувајќи како едни од најжестоките бранители на Европскиот проект откако се приклучија на тогашните Европски заедници во 1986 година. Длабокото верување во европските вредности продолжува да ги обединува Шпанците од повеќето политички убедувања. Нелибералниот модел што се има вкоренето во Унгарија и Полска има помалку купувачи во Шпанија.

ШЛОМО БЕН-АМИ

Шломо Бен-Ами, поранешен израелски министер за надворешни работи, е потпретседател на Меѓународниот центар за мир во Толедо и автор на Prophets without Honor: The 2000 Camp David Summit and the End of the Two-State Solution (Прес на универзитетот Оксфорд, 2022).

Print Friendly, PDF & Email
Tags: десницаШпанија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ