• Latest

Како фотомонтажа може да предизвика говор на омраза, дискриминација и да потпалува тензии?

August 17, 2023

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Како фотомонтажа може да предизвика говор на омраза, дискриминација и да потпалува тензии?

August 17, 2023 18:32
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФО
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: МАРТИН ТАСЕВСКИ

Се прашувам дали страшни фотомонтажи кои ги гледаме на социјалните мрежи и кои содржат говор на омраза, дискриминација и потпалуваат тензии, се мајтап? Се користат свесно цртежи и илустрации за да привлечат внимание, но каква порака се испраќа?

Неодамна, пребаруваќи по социјалните мрежи, наидов на една фотомонтажа на објавена Фејсбук страната на Коалицијата за заштита на децата објавена во октомври 2022 година, со пиштол во боите со кои се идентификува ЛГБТИ+ заедницата,  вперен кон четиричлено семејство сочинето од мајка, татко, и две деца – девојче и момче.

Почнав да ја пребарувам оваа илустрација која поттикнува говор на омраза на Интернет, и видов дека  контроверзната фотографија е објавена и од екстремната Фејсбук страница со назив „Преземи одговорност“, но и од други физички лица.

Имајќи предвид дека фотомонтажата укажува на говор на омраза, кој повикува на насилство врз ЛГБТИ+ заедницата и создава лажно чувство на загроза на семејствата, одлучив да проверам и да истражувам на Интернет примери објавување на слични вакви фотографии и илустрации.

При проверката, пишував низ Интернет секакви фрази, и како најдобро совпаѓање за фотомонтажата на објавена од „Коалицијата“ пребарувачите  ми посочија примери на објави од националистите и неофашистите во други земји. Исто така, увидов и слични фотографии со оваа на „Коалицијата“ кои повикуваат на насилство.

Вакви објави не треба да се занемаруваат, бидејќи повикуваат на насилство. Зошто? Во продолжение, ќе се обидам да одговорам на ова прашање преку анализа на судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во врска со говорот на омраза и криминалот од омраза.

Практиката на ЕСЧП потврди дека формите на изразување што содржат говор на омраза се различни и може да бидат пишани материјали, флаери, вербални навреди, илустрации, карикатури, рекламни или промотивни материјали, симболи, графити или уметнички дела објавени преку различни медиуми, а особено преку Интернет во поново време.

На пример, случајот Вејделанд и други против Шведска (Жалбено барање бр. 1813/07) од 9 февруари 2012 година, поставува значајни стандарди во заштитата од говор на омраза кон ЛГБТИ луѓето.

Дали фотомонтажата на Коалицијата навистина била испечатена како леток и се делел на граѓани или бил лепена како постер, навистина не знам. Но, тоа што можам да споделам е дека на залепената фотомонтажа тие оставаат коментар, кој гласи „ама БИДЕТЕ ТОЛЕРАНТНИ, бараат од нас и порачуваат шарените активисти“. Ова е веќе може да се толкува како повик за насилство не само врз ЛГБТИ+ заедницата, туку и кон сите оние што учествуваа во Шарената револуција.

Имајќи го предвид ова, а и коментарот што ја придружува фотографијата, да потсетиме и на пресудата на ЕСЧП за случајот Беизирас и Левицкас против Литванија, токму за коментари постирани на Фејсбук.

Се чини дека Во таа „Коалиција за заштита на децата“ всушност членуваат многу популисти, кои за себе велат дека се промотори на еднаквост, заштита на семејството, се „залагаат“ за правата на родителите итн, но најчесто овие промотори на „вредности“ не размислуваат што ќе постираат во јавност, како читателот ќе го прифати сето тоа, со кој интензитет, и дали можеби не е крајно ризично да се игра со говорот на омраза кој повикува на насилство?

Мислам дека е очигледно за „Коалицијата“ дека со ваква фотомонтажа само сакаат да прикажат и повикаат на протерување на ЛГБТИ+ луѓето. Не се работи за хумор, туку за свесен став на промисленост.

Би сакал да појаснам дека фотомонтажата со пиштол, како што укажува Кривичниот законик на РСМ, може да се толкува и како е загрозување на сигурноста, а следствено на тоа, како што упатува законот, „Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со сериозна закана дека ќе нападне врз неговиот живот или тело или животот или телото на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци“.

Ова кривично дело по својата природа всадува страв што доведува до ограничување на користењето на личните слободи, делото постои и кога сторителот нема однапред формирано намера за да ја оствари заканата или пак кога истата се прави со неподобно средство, како на пример пиштол – плашливец. Дејствието може да се состои и во сериозна вербална закана што не е нужно да е придружена со демонстрација на оружје или опасно орудие.

За крај, знаеме сите дека се претера веќе на социјалните мрежи со говорот на омраза, а и дел од македонските медиуми веќе отидоа толку далеку што воопшто не сакаат да се придржуваат на Кодексот на новинари за ова прашање. Дотолку повеќе, дури и некои традиционални медиуми повеќе и не препознаваат што е хумор, а што говор на омраза. Имаме националистички фори и хушкања засновани на дезинформации сè повеќе низ етерот.

Но, каде се тука правосудните органи за да „пресечат“? Да го поучат македонското новинарство каде завршува слободата на говор, а каде започнува Кривичниот законик? Да им укажат и на останатите граѓани, дека има разлика меѓу хуморот и говорот на омраза и повиците за насилство?

Преземено од смк.мк

 

Tags: говор на омразадискриминацијафотомонтажа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ