ЗОРАН ИВАНОВ
Како печурки по дожд се намножија заведени патриоти, умислени патриоти, калкуланти патриоти, всушност разно разни интриганти кои сред ова лето дваесетитрето, форсираат магли демек доста било, не се трпело веќе и, пак демек, отсега натаму “абре Македонче главата горе“ и такви некакви паролчиња од векот пред овој 21-вов и уште куп слични предизборни итроштини со кои овој антиевропски строј во кој се наредија, академици, професори, пратеници, уредници, аналитичари, интелектуалци, урбани фејзбуковци и анонмни твитеровци, ѝ порачуваат на Вавилонката дека конечно чукнал часот за големото македонско НЕ па нека се потресе сега таа без нас но, притоа, ешелонот квази национални борци главно егзистенцијално вкотвени во државниот буџет, му премолчуваат на и така историски национално повредениот македонскиот народ дека, кажано во оваа една реченица, без европска перспектива, без европските кооперации, без веќе децениските разно разни фондовски и донаторски ипар, мипар, гранични, предгранични, задгранични инфраструктурни, здравствени, образовни и кави се уште не проекти зад кои веќе стојат милијарди европски евра, земјава одамна ќе рикнеше па оваа демек горделива, а сепак фалшива македонштина, бргу, многу бргу, малата македонска победа ќе ја преврти во голем македонски пораз.