Пензионерите се организираат да дојдат на 20-ти септември во Скопје и да направат масовен протест доколку не се прифати нивното барање за линеарно зголемување на пензиите по 3.500 денари , место процентуално, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, пренесува Слободен печат.
Вчера, протестираа пензионерите од Штип пред просториите на Здружението на пензионери.
-Тука не сме сега дојдени од лудост, туку за гордост, за да го зачуваме достоинството и единството. Силата е во нашето единство- вели Ристовска.
Таа ги повика штипските пензионери кои се заинтересирани да присуствуваат на протестот во Скопје на 20-ти септември да се пријават во Здружението, со цел да се обезбеди превоз.