• Latest

Пороците јавни, а вредностите тајни

September 25, 2023
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пороците јавни, а вредностите тајни

September 25, 2023 12:50
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Кога го слушам кај што вели „Ќе ве растуриме сите“, гледам дека овој човек, оваа „опозициона ведета“, не гледа ништо, ниту најкрупните теми, а богами не ги гледа ниту опасностите затоа што – премногу очигледно – оптеретен е со дневна шеќерна водичка.

Човекот, односно „лидерот“, опседнат е со броење на поддршка (и броење на политички тела!). Тела кои ќе бидат „глинени гулаби“ во обезбедување на неговото премиерско столче. И како му оди? Не се прослави нешто особено, целата негова политичка кариера е на „дур“, на сила, на закани, на хушкање, на опасно конфабулирање на темите и настаните. За да ја објасниме политика на опозицијата, вреди малку да скокнеме до Унгарија, да „тркнеме“ до кај чичко Орбан.

Откако Унгарија е „предадена“ на „христијанската обнова“ во таканаречена „илиберална демократија“ (а секој што нешто читал знае дека демократијата е либерална или не е демократија!), таа Орбанова држава која претставува темпирана бомба и за самата Европа, сè повеќе знаци ни покажуваат дека Мицкоски пледира на исто такво владеење како неговиот шеф (или пот-шеф Виктор Орбан). Што значи тоа? Па, да речеме, тоа што веќе го имавме: сите пари, ресурси и институции ќе бидат „под капа“ негова. Притоа, ќе има јасни проруски агенди. А што значи пак сега тоа? Тоа не може ништо да значи освен едно: или ќе се приклоните или ќе ве чистиме. Што, тука, не е јасно!?

Од друга страна, оние кои нема да слушаат „ќе им се случи народ“. Додуша, и другата страна не е без свој „народ“, што претставува идеален пред-текст за дополнителни конфликти за прашања кои во Европа, онаа Западната, апсолвирани се уште пред еден век.

Општества кои ќе го прифатат популизмот како владејачка „вредност“, полека ама сигурно тонат во некој вид на „културна дегенерација“. Една од најраширените „подврсти“ е онаа која, нели, „гине“ од грижа за малограѓанското разбирање на „јавниот морал“ и „јавниот интерес“. Или ајде да употребиме една метафора: „Пороците јавни, вредностите тајни“, како што еднаш порано ја дефинира Еден Фон Хорват, човекот кој умре прогонет во Париз, година 1938. Своите дела не можеше да ги спаси од дејствата на оној дух во кој побара спас.

На оние кои не ги разбираат овдешните прилики, може да им изгледа како перверзна смешка, може да им изгледа и како лажна вест: театарска група која патува по селца и градчиња, добива „директива озгора“ дека ќе чисти сè што не сме НИЕ, а за возврат оние кои ќе се приклонат ќе бидат пата-пата, а оние кои нема, ќе бидат „куш“.

Би било добро да кажеме дека овие закани се типични за сите преамбициозни поединци, а каде сте виделе поамбициозен војвода од војводата Мицкоски? Сите тие всушност се тоа: државни крлежи кои на страв и закани обожаваат да цицаат државни пари и привилегии. И тоа не ги прави поразлични и поинакви од претходните „вмроовци“.

Оттука и оваа морална паника низ хистеричните портали и медиуми. „Готови сте, ќе ве смачкаме“, или „ќе ве чистиме, жими крстот, камата и партијата“. Резултатот на овие „стратегии“ ни кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидершип ниту за милиметар не е поинаква, па ако сакате ниту „подобра“ партија од онаа на Груевски. Па дури и ако сакате, на памет не им доаѓа да се извинат за сите свинштини кои ги направија во минатото. Не само што не се извинуваат, напротив, го релативизираат целото злосторство велејќи дека се жртви на некако прогон. А од прогон нема ниту „П“.

Има една прастара дефиниција за државата и работите во неа која гласи: Што е она што е дозволено, а што е она кое е забрането во една држава? Сè што не е забрането во Кривичниот законик значи дека во таа држава е дозволено. Обратно: Сè што е забрането во Кривичниот законик, значи дека е забрането и во државата.

Се надевам дека најлошите меѓу нас нема да се вратат на власт, а ако се вратат, сите ние сме повторно во рикверц, во правец на популизмот и некој неоавторитаризам. Се надевам дека Македонија нема повторно да биде „клиент“ на Унгарија, поточно, стравувам Македонија тоа да стане, овој пат со нов ревизионистички Орбан (откако едниот, помалиот македонски Орбан, го сокри под својата стреа), а овој тукашниот, воопшто не се срами од тоа, туку напротив, ене го, разјарен како бик се заканува, хушка и пелцува некаква „нова“ поддршка.

Националистите од сите бои, а посебно овие домашните, си го преземаат (лудачки и бесрамно!) апсолутното право дека тие се единствените господари и сопственици на „народот“: кога тие не се подмирени, тогаш и „народите“ војуваат, па дури и „симболички“; кога тие ќе направат „дил“, тоа значи дека „народите се помириле“. Толку се глупави во своите матафизички пораки, па затоа и во оваа земја е онака како што è, а би можело и уште полошо, не се секирајте, само дајте им шанса да се размавтаат.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ