• Latest

Законот за амнестија не доби поддршка од Собранието, министерот Лога најави дека ќе го поднесе повторно по редовна постапка

November 3, 2023
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Законот за амнестија не доби поддршка од Собранието, министерот Лога најави дека ќе го поднесе повторно по редовна постапка

November 3, 2023 09:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија не доби поддршка од Собранието, додека министерот за правда Кренар Лога најави дека повторно ќе го поднесе законот за амнестија, овој пат по редовна постапка.

Собранието при утврдувањето на дневниот ред на 129 седница, со 66 гласа „против“, 17 „за“ и тројца „воздржани“, не го изгласа предлогот за носење на Законот за амнестија по скратена постапка. Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да се изземат  од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.

Лога, на прес-конференција во Собранието вчера порача дека предлогот набрзо ќе биде вратен пред пратениците, бидејќи законот е изготвен, и оти нема ниту една забелешка врзана за законот.

Изјава на министерот за правда Кренар Лога. 

– Денеска Македонија е понеправедна држава од вчера, за жал оваа неподдршка за предлог Законот за амнестија ја гледам како одмазда за измените на Кривичниот законик кон мене и мојата политичка партија, изјави Лога и изрази надеж дека пратениците биле „против“ поради скратената постапка.

Според Лога, Собранието предлогот не го прифатило од Владата, а не од министерот за правда и најави дека пак ќе ја повтори постапката, со редовна процедура.

Гласањето на законот за амнестија не треба да влијае врз односите во коалицијата со Алијанса за Албанците смета премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Првата конференција за патна инфраструктура, Ковачевски вчера појасни дека е запазена целата процедура и оти секој можел да го искористи своето демократско право за гласање.

Изјава на премиерот Димитар Ковачевски по увидот во работите на делницата Крупиште – Кочани од новиот експресен пат Штип – Кочани.

 

– Владата донесе одлука и му се даде можност на министерот за правда да го образложи законот за амнестија пред пратениците, што беше направено во текот на денешниот ден. Но, пратениците во Собранието имаат суверено право да гласаат во свое име и во име на граѓаните во однос на законските решенија што се нудат. Сметам дека е запазена целата процедура и сето она што беше кажано и сметам дека ова не треба да влијае врз односите во коалицијата, со оглед на тоа дека секој можеше да го искористи своето демократско право да ги искаже своите аргументи, а оние кои што го имаат правото на глас да го искористат за гласање на парламентарната сесија, рече Ковачевски.

Тој појасни дека уште кога бил предложен законот за амнестија постоеле различни ставови во однос на ефектите од него. Интенцијата на законот, нагласи, била да се растоварат затворите со оглед на нивната пополнетост и ставот на министерот за правда Кренар Лога беше дека тоа може да се направи со закон за амнестија. Ист таков закон за амнестија веќе е гласан во Собрание.

– Од друга страна постоеа аргументи кои го велеа спротивното, а тоа е дека претходниот закон не ги дал посакуваните ефекти со оглед на тоа дека најголемиот број на оние што биле амнестирани веднаш потоа биле сторители на исти кривични дела и биле повратници во затворите. И второ што на издржување на казна чекаат над 2.000 нови осуденици, што нема да доведе до растеретување на затворите и дополнително беа наведени како опции условниот отпуст, пробацијата и други мерки кои можат да се користат со цел растеретување на затворите од преголем број затвореници, истакна Ковачевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, коментирајќи го неизгласувањето на потребата од носење на овој закон во Собранието, рече дека ставот на неговата партија за законот за амнестија е јасен, а прашањето е дали има недоразбирање меѓу пратениците од СДСМ и раководството на партијата.

Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

– Откако овој закон ја помина владината процедура, се најде на владина седница. Тоа може да значи дека Спасовски, Ковачевски, Маричиќ, Петровска, Грковска и останатите од СДСМ, го гласале на владина седница, а пратениците сега велат дека нема да го гласаат. Можеби прашањето сега треба да биде да не има некакво недоразбирање меѓу пратениците и раководството на СДСМ, рече Мицкоски.

Министерот Лога пред почетокот на 129. собраниска седница на пратениците им достави албум со фотографии од затворот Идризово, порачувајќи дека одговорноста сега е на Собранието.

-Имате 2100 осуденици во затвор кои имаат лежено повеќе  од две третини ако во овој дел се амнестираат имаат 2800 исто така осуденици кои се на улица. И сега реториката дека криминалци ќе излегуваат на улица не е во ред. Вкупно 2 800 тие се на улица што веќе ги имаме меѓу нас. За ова дали имаат одговор. Јас сакав одговорноста како министер да ја префрлам каде што треба да прифатат одговорност. Одговорноста за ваквите чекори му припаѓа денеска на Собранието. И за жал си донесоа таков став. Ќе пробам уште еднаш, истакна Лога.

Со овој предлог Закон се очекува да бидат целосно ослободени од затворска казна 286 осуденици, а делумно да бидат амнестирани 996. Во моментот, 2114 осуденици издржуваат затворска казна, а 2813 треба да влезат во затвор. За тие што чекаат ред за издржување на затворска казна, од Министерството наведуваат дека дополнително ќе се утврдува колку од нив ќе бидат опфатени со амнестијата.

Фото: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ