На четвртиот ден од почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември, политичките партии и коалиции, партиципиенти во овој изборен процес продолжуваат со митинзи и средби со граѓан(к)ите низ земјата.
ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе одржи митинзи во општина Аеродром во 17:30 и во општина Карпош во 20 часот. СДСМ и најголемата опозициона коалиција ќе бидат во Гостивар во 17:30, а во 19 часот во Тетово, каде ќе ги освојуваат симпатиите на гласачите, со презентирање на партиската изборна програма.
Коалицијата за промени и правда ќе се сретне со граѓаните во Кочани во 11 часот и во Прилеп во 14 часот.
ДПА ќе одржи митинг во Вруток со почеток во 19:30, а Алијансата за Албанците во скопската населба Методија Андонов-Ченто во 18 часот.