• Latest
ГРУБИ Се откри дека за Мицкоски не е важно внесувањето на Бугарите во Уставот, туку тргнувањето на Албанците од власта

Груби: Не се гледам себеси и знам дека нема да бидам идниот премиер на Владата

November 15, 2023

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груби: Не се гледам себеси и знам дека нема да бидам идниот премиер на Владата

November 15, 2023 15:42
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
ГРУБИ Се откри дека за Мицкоски не е важно внесувањето на Бугарите во Уставот, туку тргнувањето на Албанците од власта

ГРУБИ Се откри дека за Мицкоски не е важно внесувањето на Бугарите во Уставот, туку тргнувањето на Албанците од власта

Share on FacebookShare on Twitter

Не се гледам себеси како иден премиер, не верувам дека јас сум следниот премиер и всушност знам дека јас не сум следниот премиер на Владата на Република Северна Македонија, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.

На прашањето кој ќе биде следниот премиер, Груби рече дека согласно коалцискиот договор следниот премиер треба да биде предложен од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а и смета, како што рече, дека сите пратеници ќе го поддржат следниот кандидат или ќе ја поддржат следната кандидатка во техничката влада во последните 100 дена од овој мандат.

На прашањето за разликите на ставовите околу заедничкото, односно одвоеното одржување на претседателските и парламентарните избори, тој рече дека ќе има средби и состаноци со коалициските партнери и оти ќе се усогласи заеднички став околу тоа, но нагласи дека ДУИ е подготвена и за заеднички избори и за одвоени.

Вицепремиерот Груби не верува дека Алијанса Албанците, како што изјави лидерот на оваа партија Арбен Таравари може да ја напушти Владата, и рече дека имаат одлична соработка со нивните министри, како и во пониските ешалони на власта.

-Заеднички ни се напорите за да ја интегрираме земјата во Европската Унија и гледаме дека има можност за заеднички да соработуваме и на следните избори по однос на истата агенда. Така што не верувам дека во следниот период којшто е пред нас, зборуваме за месец-два, до техничка влада, не верувам дека која било од политичките партии би предизвикала некоја криза, рече Груби.

Во однос на образложението на Таравари дека тоа би било поради законот за амнестија, рече дека ДУИ го подржа законот и дека тоа „помина каде што треба“.

-За жал во Собранието математиките се различни, и пратениците, но за жал и медиумите, и граѓаните потклекнаа на пропагандата дека законот за амнестија е некако поврзан со измените во Кривичниот законик или со измислената фама за враќањето на поранешниот премиер Никола Груевски. За жал од таа пропаганда не успеа да се објасни доволно мотивот за законот за амнестија, којшто претходната Влада, исто на СДСМ и ДУИ, го усвои и им ги ублажи казните на осудениците по затворите затоа што е алармантно над 2.000 осуденици да седат надвор по улиците од едноставна причина затоа што нема простор по затворите. Затоа го поддржавме тој процес и апсолутно нема никаква допирна точка со измените во Кривичниот законик ниту со уставните измени, посочи Груби.

На прашањето како ги оценува ставовите на Албанскиот опозициски блок дека имаат неколку услови за уставните измени, Груби одговори дека не ги слушнал нивните ставови.

-Не сум ги слушнал ставовите на таканаречената Албанска опозиција затоа што немам потреба. Тие само ги преведуваат соопштенијата и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и ги искажуваат, дури кажуваат и тоа што ВМРО-ДПМНЕ не може да го каже јавно, туку тие се гласноговорници на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груби.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ