• Latest

Промовирани шест научни проекти финансирани од Министерството за образование и наука

December 4, 2023
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Промовирани шест научни проекти финансирани од Министерството за образование и наука

December 4, 2023 11:41
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Пет национални институти и Хидробиолошкиот завод – Охрид денеска презентираа шест проекти кои по повеќе од десет години застој во финансирањето научни проекти ги одобри и поддржа Министерството за образование и наука и биле спроведени во периодот ноември 2021 – октомври 2023.

Домаќин на заедничката јавна презентација на шесте проекти беше Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Директорката на Институтот, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, истакна дека се работи за исклучително значајни проекти за македонската наука и култура. Му се заблагодари на МОН што по повеќе од една деценија финансирало научни проекти на националните институти.

– Се надевам дека МОН и во иднина ќе има слух за нашите научници и ќе им овозможи континуитет во истражувањата, рече Јованова-Грујовска.

Завршувањето на проектите го поздрави Елван Хасановиќ, раководителка на Секторот во наука во МОН, која истакна дека со нивното финансирање по повеќегодишен застој МОН, како што рече, докажува дека дава силна поддршка за научната работа на нашите јавни научни установи.

– Застанавме зад научните проекти кои го проучуваат културното, духовното, материјалното и хидробиолошкото наследство на овие простори, рече Хасановиќ.

Додаде дека МОН го поддржало и кадровското екипирање на националните институти, посочувајќи дека „никогаш не е доволно, но, сепак, тргнавме од мртва точка да го обновиме научниот кадар”.

Хасановиќ соопшти дека по завршување на овие проекти, МОН проектира нова финансиска конструкција за идни проекти.

На заедничката презентација на научните проекти, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го претстави проектот „Лексиката во македонската народна проза” кој го раководеше проф. д-р Елена Јованова-Грујовска.

Институтот за македонска литература го презентираше проектот „Македонска книжевна енциклопедија (автори и дела)” на д-р Наташа Аврамовска и д-р Мишел Павловски.

Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ го завршил и денеска  го претстави проектот „Меморија и еко космос” раководен од д-р Катерина Петровска-Кузманова, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците презентираше проект „Културно-историските случувања кај Албанците во Македонија во текот на XIX – XX век”, раководен од д-р Скендер Асани.

„Средновековни населби во Пелагонија, Мариово и Пореч” е проектот на  Институтот за старословенска култура, раководен од д-р Бранислав Ристевски, а „Еколошка состојба на рибната популација во Белчишко Блато”, раководен од д-р Лидија Велкова-Јорданоска, е проектот на Хидробиолошкиот завод од Охрид.

Фото: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ