• Latest

Кон романот „Се чини, сѐ уште постои љубов“ од Тина Иванова: Брутално романтична и длабоко интимна исповед за една „забранета“ љубов

December 17, 2023
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација

October 8, 2025

Меџити: Владата го раскина договорот за концесија за експлоатација на варовник во Скопско Страчинци

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски до СДСМ: Папагалски повторувања и очај маскиран во политика – нема да поднесам оставка

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на DER STANDARD

Баварија ќе ѝ дозволи на полицијата да соборува неидентификувани дронови по инцидентот во Минхен

October 8, 2025

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци Панчо Минов, носител на независна листа за Локалните избори 2025

October 8, 2025

Фон дер Лајен: Европа се соочуваа со руска хибридна војна, но ние ќе го заштитиме секој квадратен сантиметар од својата територија

October 8, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош; СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп

October 8, 2025

Старт на тридневната меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кон романот „Се чини, сѐ уште постои љубов“ од Тина Иванова: Брутално романтична и длабоко интимна исповед за една „забранета“ љубов

Говор на промоцијата* на романот „Се чини, сѐ уште постои љубов“ од Тина Иванова, 16 декември 2023.

December 17, 2023 11:41
in КУЛТУРА, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

„На денешен ден ти си родена, правејќи го светот подобро место за сите луге“ – напишал еден од протагонистите во овој роман, Дениал, по повод роденденот на главната јунакиња во книгата, Ана.

Денеска овде ќе го кажам истото за оваа книга, со благодарност до Авторката, Тина Иванова, што ја напиша оваа книга. Со ова дело, светот станува барем малку подобар отколку што беше пред тоа. Наспроти сите тешки состојби и животни ситуации за кои Авторката пишува и прекрасно пее во книгата.

Оваа книга, со леснотија, преминува од еден во друг свет, од едно плато на постоењето на друго, од една димензија во друга.

Се работи за една истовремено брутално романтична и длабоко интимна исповед, за една човечка судбина, а воедно и жестока критика на општеството. За едно неуко, насилничко и исплашено општество, заробено од себе и во себе.

Во оваа книга, Авторката ги открива најдлабоките чувства на една жена, докрај, без калкулации, без кокетирање и донекаде – со краен фатализам. Нема ниту трошка резерва во опишувањето на животните ситуации, душевните состојби и духовните пловидби по немирното море на мислите и сознанијата. Тоа е живот што со вриеж излегува и блика од страниците на книгата, и сведочи за болката што може да ја предизвикаат луѓето.

Оваа книга е како патничка торба во рацете на одметнат научник, во случајов Авторката Иванова. Таа ја отвора таа тешка и преполна торба пред вас и, еден по еден, ги вади сопствените внатрешни органи и ги става на маса пред вас. И ви вели:

– Повелете, јадете. Ова сум јас. Но ова сте и вие!

Може да се каже дека оваа книга е ангажирана, но по интензитетот на пораките во неа, ги надминува и „најславните“ борци, промотори, носители на одлуки и креатори на политики во најодговорните сфери во општеството и политиката. Мултикултурализмот и интеркултурализмот денеска добија важно дело над кое треба секој да се замисли и од кое треба да се извлечат поуки.

Во било која земја, не само кај нас, оние што ја сакаат слободата на изборот лишен од ограничувањата што ги наметнува конзервативната средина – поднесуваат трагична жртва секој ден од својот живот. Истовремено, тоа се луѓето што го движат општеството напред. Иронично. И точно. Овој роман е сведоштво за иронијата и трагичната состојба на светот.

Зошто овој книжевен потфат на Иванова е драгоцен и вреден, за разлика од бескрајната низа анализи, изјави и соопштенија на „невладините фолиранти“ и политичари?

Затоа што оваа книга зборува за една носителка на тешко животно бреме, која бескомпромисно го живее животот, носејќи го товарот на сета тегобност и неволјите што ги носат незнаењето и неразбирањето; и со сета трагедија што ја носи самото знаење, односно сознанието.

Реков дека ова е брутално романтична сторија, не затоа што Авторката така сакала да го доживееме ова дело, туку затоа што животот кој храбро одлучила да го изнесе пред нас, внатрешноста на духот, длабочините во кои навлегува, се брутални и романтични истовремено. Авторката, со невообичаена храброст, оди докрај, со сета искреност, со сета тежина на доживувањето на нештата во животот и во смртта. И за тоа, мора да ѝ се честита со истиот бурен аплауз, како и за бравурозниот литерарен израз.

Читајќи ја книгата, ќе забележите дека таа во себе содржи еден мрачен, егзистенцијалистички тон што ги придружува сите настани опишани во книгата; еден бавен швенк преку непрегледноста и истовремено конечноста на животот низ кој минуваме, обоен со сенките на еден бескраен скандинавски самрак, придружен со нотите на Голдберговите варијации на Бах.

Дозволете, без да бидам спојлер, да споделам еден цитат од книгата:

„Ова наше општество е создадено да оцрнува, лугето овде имаат чуден порив да покажуваат кон некого со прст, имаат потреба да обвинуваат, да пукаат со негативни рафали, ама, за мене беше тоа разбирливо со оглед на социјалната и економската, па и образовната свест на овој наш, напатен сам од себе, народ. Често, скоро секогаш, мешаните бракови и врски, врзуването на луѓе од различни етнички припадности овде, на овој наш простор, било придружено со „вресоци” од грди зборови.“

И благодарам на Авторката што ме покани да говорам на промоцијата на нејзината книга.


Текстот е личен став на Авторот.
* Промоцијата се одржа на 16 декември 2023 во клубот „Аудиокултура“. На промоцијата настапија и двајцата извонредни пијанисти Дино Имери и Дуња Иванова. Тина Иванова е авторка на повеќе книжевни дела, за кои е добитничка на неколку значајни награди. Ова е нејзин втор роман.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ