• Latest

Владата ја усвои новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

December 29, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Владата ја усвои новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030

December 29, 2023 09:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ја усвои Националната стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030, со Акциски план на Националната стратегија за 2023-2026 година. Како што соопшти владината прес-служба,  креирана е со исклучителна партиципативност на лицата со попреченост и нивните организации, а ќе се  спроведува со мерки за сите институции и министерства кои се обврзале во неа. За реализација на стратегијата Владата одобри 46 милиони евра.

-Стратегијата е исклучително важна бидејќи ги вклучува сите потреби на сите категории на лица со попреченост за кои тие парцијално се залагаа низ годините. Во стратегијата е прецизирано што се треба да се направи за лицата со попреченост, преку следење и реализирање на мерките и активностите во неа. Оваа стратегија е дел од владината програма, а носител е Министерството за труд и социјална политика, со техничка поддршка на Германската агенција за меѓународен развој, со координација на владиното Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и техничко стручна поддршка на сите агенции на Обединетите Нации во земјава, информира прес-службата на Владата.

Во однос на спроведувањето на стратегијата, се наведува во соопштението, вклучени се скоро сите министерства и институции – министерствата за информатичко општество и администрација, за финансии, за правда, за локална самоуправа, за труд и социјална политика, за транспорт и врски, за образование и наука, за култура, за здравство, за економија, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, како и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Овие институции по периоди треба „јасно да ги испланираат активностите и мерките во кои се носители и/или учесници, во Акцискиот  план 2023-2026, како и навремено да ги обезбедат потребните ресурси (човечки, материјални и технички) за нивна имплементација.

-Националната стратегија е  подготвена со апсолутна партиципација  на 27 организации на лицата со попреченост, сите агенции на ООН во државата и на Делегацијата на Европската Унија. Во подготовката и со свои предлози учествуваа 31 државна институција, академската фела преку Факултет за специјална едукација Скопје, Правен факултет – Скопје, Државен универзитет во Тетово, Стопанската комора на Република Северна Македонија. Во процесот активно беа вклучени  сите  национални сојузи на инвалидски организации во државата, Здружението на родители на деца со попреченост „Ресурсен центар“, здруженијата на граѓани „Во мојот свет“, „Отворете ги прозорците“, „Инклузива“ Куманово, „Полио Плус, „Хера“,  Младинско здружение на глуви и наглуви „Млад Знак“, Доза Среќа, Институт за човекови права, Друштво за помош на лица со посебни потреби „Зрак“, Еурека Културен Центар, Куќа на среќа, Време е, Здружение на инвалиди „Шпреса“, ЗГ„Миресија“, Фондацијата „Чекор по чекор“, Избор Струмица, Македонско здружение на млади правници – МЗМП Скопје, Хелсиншки комитет, претставници од канцеларијата на Народниот правобранител и други, соопшти владината прес-служба.

Оваа стратегија, наведува Владата, е развиена  согласно обврските и начелата преземени со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, чие мото е „Ништо за нас, без нас“. Потоа таа е комплементарна со  Европската стратегија за правата на лицата со попреченост, врз основа на податоци и анализи направени за моменталната состојба со почитувањето и остварувањето на правата на лицата со попреченост.

Фото: МИА архива

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ