• Latest

До крај, а крајот е блиску!

December 17, 2016
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

До крај, а крајот е блиску!

December 17, 2016 20:50
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Пријатели, соборци, херои на отпорот, на Шарената револуција, херои од изборите на 11 декември 2016… Ќе мора во деновиве што следат да останеме ладни, и на целиот тој нивен простаклук и да им одговориме со нашата култура, достоинство и интелектуална надменост. На нивни „војни повици“ и „оштрења на ножеви“ – треба да им покажеме дека не им се плашиме!

ugoslav-ptrovski
Пишува: Југослав Петровски

Кога ќе се соберат некаде (најверојатно сега – засега пред ДИК, а подоцна пред Управниот суд. потоа кој знае каде…, пред судовите и затворите, ограбените ќе ги бранат своите ограбувачи од пресуди, казни…) тогаш треба и ние да отидеме таму, но да отидеме подготвени како за на корзо, да прошетаме низ таа безумна толпа, да прошетаме релаксирани, со своите семејства, со своите најблиски, да си ги прошетаме миленичињата, да си купиме костени, да си фатиме некоја женска или дечко… Тоа треба да го направиме, затоа што мора да им покажеме дека „мечка со сито не се плаши“, дека (за разлика од нив) ние сме демократи и почитуваме право на протест (колку и да се дегутантни и мизерни) и дека туѓото мислење, за нас е света работа, без оглед колку има смисла во нивните мисли и ставови. Но, исто така, да им покажеме дека, од друга страна, нема да им дозволиме да ни ја узурпираат слободата и граѓанските права, кои за нас се неприкосновени! Не смееме да дозволиме да ни одземат ни педа од слободата, од слободното движење или од било кое наше граѓанско право – било каде во градот. Ниту еден центиметар од градот, од правата, и од нашата слобода, нема да дозволиме да ни бидат узурпирани!

И како најбитно, мора да ги соочиме со фактот, ако се пребројуваме, и ако некој има право да се нарече и да зборува за себе како за народ (како поброен дел од граѓаните на Македонија). Постојано мора да им повторуваме дека изборите (и покрај сите обиди за местенки, поткупи, заплашувања од нивна страна…, оти тие беа власт, и трагикомично е да се тврди дека опозиција може, има начин, ресурси и институциии да ги лажира изборите?!) ги има добиено севкупната опозиција! И тоа со разлика од околу 80.000 гласови!

Треба да ги сочиме со фактот дека тасот натежнува на наша страна – 612.582 граѓани на изборите порачаа: „Збогум Никола!“, додека досегашната власт (со помош на сета, перфектно извежбана машинерија за крадење избори и изборна волја на сопствените граѓани) т.е. – ДРПМНЕ заедно ДУИ, имаат освоено – 541.367 гласа. Знам, тешко ќе им биде, оти Грујо – Шехерезада, е подготвен да им раскаже, ако треба, уште 1001 приказна, само да си ја спаси голата кожа! Оти, за него, освен власт другата опција е затвор за сите злодела сторени кон овој народ и оваа држава!

Всушност, како најважно од сé, треба секаде и во секоја прилика, да бидеме тоа што сме, и да се однесуваме како победници. Не како обични, изборни победници, оти пријатели мои, соборци, семејство мое(!), ние турнавме режим! Од нашите крвави плеќи, ние скинавме тежок јарем на модерно робување, каде ни беа газени базичните човечки права и слободи!

Едно е јасно – царот е гол и урнат од престолот! Поразен е, сега му останува уште да се препелка, сé до конечното, заминување на робија!!!

#ДоКрај – А крајот е блиску, многу блиску!

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ