• Latest

Ковачевски – Ју: Потврдени правилните владини политики – Светска банка ја одобри новата Рамка за партнерство од 695 милиони долари

January 24, 2024

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски – Ју: Потврдени правилните владини политики – Светска банка ја одобри новата Рамка за партнерство од 695 милиони долари

January 24, 2024 12:28
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска оствариле средба со директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју и директорот на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се разговарало за новата Рамка за партнерство со Светска банка со која Република Северна Македонија во наредните четири години ќе има на располагање 695 милиони американски долари кои и се доделени и одобрени вчера од Бордот на извршни директори на оваа меѓународна финансиска институција.

На состанокот биле пренесени впечатоците на Бордот на извршни директори кои ги поздравиле постигнувањата и правилните политики на Владата на Република Северна Македонија и поширокиот макроменаџмент.

-Новата Рамка за партнерство е продолжение на континуираното партнерство и блиската соработка со оваа меѓународна финансиска институција кое трае 30 години. Резултат е на нашата посветеност и политиките што ги преземаме за просперитет на општеството, развој на процесите и развој на економијата. Новата Рамка за партнерство содржи приоритети кои се дизајнирани заедно со Светска банка во повеќе области и е насочена кон подобрување на достапноста и квалитетот на јавните услуги, подобрување окружувањето за отворање нови, подобро вреднувани работни места во приватниот сектор, како и зајакнување на отпорноста на климатските промени и намалување на јаглеродните емисии, истакнал премиерот Димитар Ковачевски на средбата со претставниците на Светска банка.

Премиерот Ковачески посочил дека досега, преку ова партнерство се поддржани проекти од 404 милиони американски долари и дека со новата Рамка таа поддршка се искачува на 1,1 милијарда американски долари.

Во рамки на новото партнерство за остварување на трите цели, како што е наведено во соопштението, дизајнирани се проекти во повеќе области како што се транспортот, општинската инфраструктура, земјоделство, дигитализација, енергетика, здравство, образование, социјални услуги.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, на состанокот потенцирал дека Рамката за партнерство обезбедува континуитет во реализацијата на отпочнатите реформи за унапредување на човечкиот капитал и предвидува значајни износи за финансирање на реформи во областа на социјалната, образованието и здравството, кои водат до просперитет на општеството и забрзан економски раст.

Во соопштението е наведено дека Рамката се фокусира и на унапредување на бизнис опкружувањето и инфраструктурата, конкурентноста и модернизација на земјоделскиот сектор, како и енергетската транзиција.

На средбата било истакнато дека веќе се одобрени и првите заеми во рамки на новото партнерство, односно дека се одобрени 27,5 милиони евра за финансирање на Вториот проект за унапредување на социјалните услуги со кој се проширува пристапот и се подобрува квалитетот на социјалните услуги, вклучувајќи ги предучилишните услуги за ранливите групи.

-Одобрен е и заем од 31 милион евра за дополнително финансирање за Проектот за надградба и развој на патиштата, наменет за подобрување на транспортната поврзаност долж Коридорот 8 помеѓу Скопје и Деве Баир, се додава во соопштението.

Од Владата потсетуваат дека во декември Светска Банка како наш значаен и стратешки партнер, исто така,  одобри и заем за буџетска поддршка од 100 милиони долари за воведување политики околу трите столба и тоа поддршка на климатска транзиција на енергетскиот и финансискиот сектор, зацврстување на одржливоста на јавните финансии и Заштита на финансиската стабилност.

-Рамката за партнерство како потврда на нашите политики доаѓа по потврдата добиена од Меѓународниот монетарен фонд за правилниот курс и одржливоста на политиките при првиот преглед во рамки на Програмата за претпазливост и ликвидност, се посочува во соопштението.

Tags: ЈуКовачевскиСветска банка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ