• Latest

Стано: Србија да спроведе транспарента истрага за наводите на ОДИХР за изборни нерегуларности

February 29, 2024

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Стано: Србија да спроведе транспарента истрага за наводите на ОДИХР за изборни нерегуларности

February 29, 2024 10:20
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Наодите во извештајот на Канцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР) за изборни нерегуларности во Србија треба да се истражат на транспарентен начин, вклучително и оние поврзани со локалните избори, оцени денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

– Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори во Србија ја потврди загриженост на ЕУ дека изборниот процес бара видливо подобрување и дополнителни реформи, наведе Стано на платформата Икс по повод објавувањето на конечниот Извештај на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентари, покраински и делумни локални избори во Србија одржани на 17 декември 2023 година.

Стано во објавата додава и дека ЕУ го поздравува тоа што властите на Србија изразиле подготвеност да работат заедно со ОБСЕ/ОДИХР за спроведување на наведените препораки во извештајот.

– Нема време за губење пред идните избори во земјата, потенцира Стано.

Како што јави допсиникот на МИА од Брисел, во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во Србија, објавен вчера, се наведува дека тие биле „технички добро администрирани и на гласачите им бил понуден избор на политички алтернативи“, но дека „системските предности на владејачката партија создале неправедни услови за натпреварувачите“, што овозможиле таа да извојува убедлива победа.

– Во кампањата генерално беа почитувани основните слободи, но таа беше нарушена со остра реторика, пристрасност на медиумите, притисок врз вработените во јавниот сектор и злоупотреба на јавните ресурси, се наведува во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, чии набљудувачи од претходно пријавија дека на изборите имало „неправилности“, вклучително и „купување гласови“ и „полнење на гласачките кутии“.

Српската премиерка Ана Брбаниќ во првата реакција, го поздрави Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР оценувајќи дека тој ставил крај на шпекулациите за наводна изборна измама.

– Овој извештај става крај на сите лаги и глупости за кражба на изборите, изјави Брнабиќ, нагласувајќи дека Владата е подготвена да соработува со ОБСЕ во спроведувањето на препораките од Извештајот.

Истрага за текот на изборниот процес во Србија беше побарана и во Резолуцијата што на 8 февруари ја усвои Европскиот парламент, но властите во Белград тогаш го игнорираа оваа барање.

Претходно и Врховниот суд на Србија го отфрли барањето на опозицијата за поништување на изборните резултати поради серија изборни нерегуларности.

Во коментар на Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР една од лидерите на здружената српска опозиција „Србија против насилството“, Мариника Тепиќ изјави дека кога некој ќе каже дека изборите се одржале во нееднакви услови, каде што се фаворизира една структура и со агресивна кампања, поларизација на општеството, говор на омраза и навреда на политичките противници и нережимските новинари, тоа се нарекуваат нерамноправни, недемократски и неслободни избори.

– Сите знаат што се случи, само никој не сака да му каже на кралот дека е гол, нагласи Тепиќ.

Tags: ОДИХРСрбијаСтано
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ