• Latest
Бранко Тричковски, колумнист

Опозицијата во Русија има подобри услови од власта во Македонија!?

March 3, 2024

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Опозицијата во Русија има подобри услови од власта во Македонија!?

March 3, 2024 11:59
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Бранко Тричковски, колумнист

Бранко Тричковски, колумнист

Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Ме разочара реакцијата на широките народни маси на еден статус за кој јас мислев дека ја открива целата вистина за Македонија.

Такaнаречениот народ очигледно мислеше дека Тричко повторно се просерува:

“Вмороните се отровни пломби во златната уста на Македонија.”

Со додаток на Џон Озборн кој би рекол:”Македонците се златни пломби во гнилата уста на вмро!”

Можеби не им се допадна наравоучението кое велеше дека “се што е поврзано со вмро, денеска и наназад 128 години, потсетува на смрт!”

На крајот морав да турам малку фил врз тортата и да изјавам:

“Не, пардон, не потсетува, тоа е жива смрт!”

Лајкови- триесет и кусур.

Тоа е како кога Сузан Сонтаг продала 6.085 примероци од својата книга “Против толкувањето” од вкупен тираж од 8.000 примероци.

И уште била задоволна.

Можеби треба да бидам задоволен и јас.

Хахаха!

Но, не сум.

Не од лајковите на еден генијален статус, туку од ниската политичка култура која не е ниска на теориско или практично ниво, туку со својата нискост ни го ебе животот.

Но, и тоа не мора да е толку лошо.

Погледнете го оваа спокојство во кое се одвива неофицијалната кампања за изборите. Па вака не е ниту на Исланд. Велат дека и на “Титаник” луѓето танцувале се додека чашите со шампанско не се испревртеле и водата не му ја наполнила трубата на шефот на бродскиот оркестар.

Нашта труба е полна со вода, но луѓето решија да ја отфрлат тезата на вмро-дпмне дека “никогаш не било полошо” и да почнат да живеат како дека “никогаш нема да биде подобро”.

Слатка декаденција.

Тоа е лош знак за вмро, се разбира, но не е познато колку ќе биде добро за сдсм.

Јас мислам дека дел од тој протеран катастрофизам и отворен оптимизам, ќе се прелее на страната на нормалноста, но за поголеми проценти е потребно нешто повеќе.

Заострување на конфликтот, а не негово ублажување кое по дефиниција ги фаворизира лудаците. Доближувањето на изборите и јасноста на двете опции од кои едната е смрт на Македонија, значи соочувањето со одговорноста без шанси за поправен ќе предизвика политички земјотрес во кој ќе пропаднат непријателите од внатрешниот заговор со странска помош: вмро и целата говњарија околу вмро!

Прво, отворено застапување на тезата дека неизгласувањето на уставните промени не е никаков инает на вмро или нешто слично од редот на безбројните баналности со кои се храни општеството, туку важен чин во политиката за демонтажа на државата и нацијата како феномени кои историјата, мислат сусловците на комитлакот, не смеела да си ги дозволи.

Второ, мора да се каже вистината за вмро-дпмне и за вмро во сите деноминации од самите почетоци пред 130 години до денеска како организација која парадирала и по малку или малку повеќе убивала, но никогаш за националните и државотворни претензии на македонскиот народ кои ќе се вообличат дури во НОБ.

Трето, Интеграцијата во Европа е императив. Не постои македонско достоинство како услов за влез во Унијата, тоа се тралалајки и непријателски завлекувања, влезот е тоа достоинство. Алтернатива на интеграцијата не е изолација, туку неславен крај на државниот и национален проект.

Четврто, мора да се отвори ревизија на историјата во која ќе се соочиме со вистини кои нема да бидат пријатни, но ќе бидат ослободителни и катарзични.

Петто, мора да се пристапи и кон ревизија на новото културно наследство со сериозно вредносно преоценување врз основа на книжевните и уметничките стандарди, а не на националните, како што правевме досега. Тоа е многу важно како ориентир за новите генерации.

Шесто, антиалбанското расположение го произведуваат и стимулираат истите говњари кои се потенцирани во овој текст затоа што антиалбанството е најфина форма на антимакедонство. Нема поелегантен начин Македонците да исчезнат од тоа да ги мразат Албанците. Наместо тоа, нормално, мора да се залагаме за комплетна рамноправност.

Само така можеме Македонецот да го ослободиме од ропството на Македонија и Македонија од заробеноста во себе.

Без тоа Крила Совјетов секогаш ќе го тепаат Манчестер Јунајтед од Ново село, а Лудогорец, Слога Југомагнат од Скопјанг.

А ние ќе одгледуваме нови генерации кои Македонија ќе ги хендикепира.

Хахаха!

Како је то могуќе!?

Мене ме интересира дали се исполнети условите за фер избори со оглед на состојбата во медиумската менажерија кај што имаме само лавови и срнички за парчосување. Не ми е јасно зошто тоа никој не го покренува. Опозицијата во Русија има подобри услови отколку власта во Македонија. Ќути сдсм, ќути Агелер, ќути дуи, ќутат сите. А сите го повикуваат народот да донесе проевропско решение врз база на антиевропските срања на кои е изложен секој ден седум години по ред. Ако не и цели 29.

Националното прашање е камшик со кој Македонија го млати Македонецот предизвикувајќи му неверојатни задоволства. Сексуалната ориентација на Македонецот е мазохистичко-националистичка. Кога Македонија има друга работа, нашиот човек се млати самиот себе. Со камшик кој на врвовите има мали метални ѕвездички!

Победата на европска Македонија (сдсм/дуи/ Пендаровски/ Тричковски/ Боб Дилан/ Килијан Марфи/ Ристевски/ Мирко Попов/ Џабир Дерала/ Тони Поповски/ Емилија Целаковска/ Џорџ Клуни/ Мујо Хоџиќ/ Вики Младенова/ Бојаровски/ Ману Чао/ Ана Чупевска/ Јана Куновска/ Лазар Попов/ Љубомир Шоповски/ Слободан Камчев/ Никола Јовановски/ Мирко Видоевски/ Ана Јовановска/ Блажо Ристов/ Ненад Јовановиќ/ Боби Илиевски/ Мирјана Малеска/ Елизабета Секирарска/ Моника Белучи/ Мајкл Кејн/ Сузан Сарандон/ Ацо Лукаровски/ Валентин Нешовски/ Ирена Цветковиќ/ Славчо Димитров/ Љубомир Костовски/ Јане Ѓеорѓијоски/ Карлос Алкараз/ Росица Минчева/ Руми Трајкова/ Вера Веци/ Рамадан Рамдани/ Златко Ориѓнски/ Биљана Петрова/ Марија Петрова/ Валентина Здравевска/ Зоран Каров/ Горан Волкановски/ Љубинка Ивановска/ Миле Ѓуриќ/ Кирил Арсов/ Кукуњавска/ Милка Кировска/ Огнен Спасевски/ Љупчо Зиков/ Благоја Димитров/ Ацо Спасовски/ Јордан Божиновски итд., ќе испуштам многумина, им се извинувам, следниот пат ќе ги ставам сите петстотини и кусур илјади души што сега ги пропуштив, без критериуми на важноста, просто така ми одеше мислата, не може да биде цел, затоа што во вакви услови таа е неостварлива, туку само како последица на растурањето на инкубаторот во кој зрее злото. Не можеме да бидеме внимателни кон инкубаторот и да се надеваме и на Европа и на каква и да е иднина.

Треба да го испокршиме инкубаторот кој е во нашите глави и злото да го умреме.

На инкубаторот има ливче закачено на тенко ластиче на кое пишува: вмро-дпмне!

Тоа е, другари.

Се надевам дека се разбираме.

Овој список треба да биде само почеток на долгата низа на нормалноста и модерноста на Македонија која ќе обезбеди победа на претстојните избори. Вмро-дпмне може да остане фолклорно друштво за народни песни и ора или секта која ќе чека да се качи на Халеевата комета. Да не не напаѓаат организациите кои се грижат за загрозените видови. Овие што се на власт направија многу глупости, но и многу капитални работи, вмро е тесно специјализирана за зло. Само зло и ништо друго.

Можете да го шерувате списокот и да го дополнувате или да ги пуштите пријателите сами да се внесуваат. Внимавајте да не ви влезе внатрешниот непријател со свои инсталации. Кога ќе се собереме 1.500 на број, ќе направиме една академија, собир со музика и дискусија. Без платени сендвичи и пиво.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ