• Latest

Долга и мачна македонска несоница

March 8, 2024
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

Последици од самитот во Алјаска: Европа ги отфрла илузиите, цврсто стои зад Украина

August 17, 2025
Фото: Влада на РСМ

Зајкова: Работела без дозвола, а превезувала деца и туристи – кој ќе одговара за жичарницата на Водно?

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Firstpost

Повеќе од 200 лица се водат како исчезнати во област погодена од поплави во Пакистан

August 17, 2025
Фото: ЗХГ/Фејсбук

ЗХГ: Измените на Изборниот законик се обид за лажно и привидно намалување на прагот, кој е превисок

August 17, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Регистрирани 10 пожари на отворено – шест активни, три изгаснати и еден под контрола

August 17, 2025
Фото: Скринчот од видео на Телеграм каналот exilenova_plus

Украински дронови извршија нов длабок удар на руска територија – погодена важна железничка раскрсница во регионот Воронеж

August 17, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Русија го комплицира завршувањето на војната, вели Зеленски додека Трамп притиска за мировен договор

August 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Палестинците бегаат од нападите на ИДФ врз градот Газа во кои беа убиени 40 лица, во Израел протести против планот за окупација

August 17, 2025
Спасувачите и жителите ги проверуваат штетите на куќите по руските напади во Харковската област, Украина, на 17 август 2025 година. Фото: Олех Синиехубов / Телеграм

Најмалку 5 цивили убиени, 11 повредени во руските напади низ Украина, ден по самитот Трамп-Путин

August 17, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

August 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Долга и мачна македонска несоница

March 8, 2024 12:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ         

Овие предизборни хистерии, лупетања, халуцинации, едноставно речено не се трпат. Тоа веројатно тргнува од некој природен човечки срам – а срамот е најдоброто нешто во луѓето, па сфаќаш дека некако почнува да ти се губи, додека со текот на времето не се претвори во своја спротивност, додека не помислиш дека „сè ти е дозволено“, дека стануваш некаков главен „Баја“ на кој можеш да им ги тумбаш животите на луѓето како тебе ќе ти ќефне, а Уставното име на државата од Северна да го нарекуваш „само Македонија“. Па, пријателе, можеш дома – оти дома си замислил дека сè ти е дозволено, надвор не можеш, затоа што таму има некои правила и некои конвенции за кои се ставило потпис, печат, лично име, личен интегритет и ако сакаш – личен идентитет. И не може тоа да го рушиш или виткаш преку колено.

Ги думам овие зборови откако го слушнав појавувањето на Христијан Мицкоски на ЕПП, поточно, некаде низ Брисел, Х.М. ни вели, или поточно ни велат неговите епигони дека бил претставен како „Мицкоски од Република Македонија“, што, се разбира, претставува одвратна лага. Христијан Мицкоски е претставен како лидер на ВМРО-ДПМНЕ од Република Северна Македонија. Кој сака да слушне и види, може тоа многу лесно да го направи само со клик на глувчето од својот компјутер, тука.

Но, на самиот почеток да го замислиме најпрво ова. Се викаш Христијан Мицкоски, година е 2018; во политичка смисла си никој и ништо, си лежиш дома на перница, гледаш некоја серија на Нетфликс, надвор врне-истура, а за тоа време некои луѓе ти го решаваат тридеценискиот спор со Грција. На среде филм твоја драга женичка ти вари кафе, чисто колку на пауза од филмот да се соземеш и продолжиш со гледање на возбудливата акциона драма. Уживаш неоптеретен, безодговорен, баш ти е гајле што некои други се препотуваат, мислат, мерат и премеруваат.

Ги отвораш очите после некое време откако сфаќаш дека пред самиот крај на филмот си задремал, а надвор слушаш кајшто лае кучето на Стаматовци, па некако благо се смешкаш на таа безначајна бесмислица од некој бивш живот. Ги отвораш очите и благо се sвериш во плафонот од собата што некој друг ти ја изградил, а тој што ја изградил, денес е проколнат и „протеран“, ама тоа не ти помага, затоа што ти си тука – во неговата куќа – во неговиот чуден рамничарски свет, па се прашуваш дали си ти тоа што лежи и се sвери во плафонот? Убаво чувствуваш, не те прима таа куќа, не те примаат ниту сокаците, сè те боде и „жуља“, никако да се „ухлебиш“.

После извесно време минат некои години, таквите ноќи се редат една-за-друга па исчезнуваат, ти се присторува страшно кајшто си се затекнал, а околу тебе се наоѓаат исти такви кои веќе поминале слични бдеења. Старото паметење за земјата станува сè повеќе сентиментална успомена на едно минато време кое беше грозно и одвратно, насилно и најблаго речено – лудачко; без употребна вредност, пасошот ти е во џебот – не дај боже да ти притреба – ама сè друго ти е дел од Новиот Живот. Единствено кое те притиска е тоа што чувствуваш дека си никој и ништо, и дека позади тебе – во политичка смисла – нема ништо. Тоа село, таа куќа, тие улици: сè е домашно, а сепак не е твое, како да ти исклизнува од рацете, ти паѓа, како стално да произведува некаков невидлив вишок кој ти исчезнува.

Од таквата меланхолија се раѓаат најчесто идеи – да речеме, децении старото село го промениш во нешто подобро и поубаво, нема што друго да биде; не е направено од злоба и пизма, туку од идеја дека со решени спорови, ти и твојата земја (или твоето село!) ќе живеете понормално и почевечки. Сфаќаш дека од симболика не се живее, туку од конкретни и важни работи за сите луѓе, а тоа е најпрво мир во себе за мир со соседите. Од тука почнува сè.

И не е важно дали ќе звучи „многу Македонски“, важно е дека на Мицкоски некој друг му реши сè. И денес некој друг се обидува да му реши сè. Негово е само да прави бељи, кочи и негира сè што е постигнато во оваа земја за нецели седум години. А од друга страна, нели, имате впечаток како сè тоа да е одвратно, и нефер, и мачно, и затоа сè тоа еднаш мора да застане и се вразуми. Да се подвлече црта и да се каже: па, по ѓаволите, луѓе – името „Северна“ е нешто кое ќе претставува подобро и поважно од тоа што беше претходно. Затоа што во варварство и насилство ја поништивме старата земја и држава. Зарем примерот со Груевски не нè научи на ништо?

Знам, долги се Македонските ноќи, ама и тие улици се некако поинакви, не велам подобри, велам поинакви, некои се движат низ нив, некои застануваат и се одмараат, циркулира животот, продолжува, се движи кон напред, сосема природно и можеби неоптеретено. Ама ако таквиот не може да го најде мирот во Скопје или Тетово, нема да го најде ниту во Белица, Припој, Осој, а уште помалку ќе го најде на големите конференции и симпозиуми низ „белиот свет“.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ