• Latest
Photo by Lindsey LaMont on Unsplash

ЦИВИЛ повикува на протести по повод Меѓународниот ден на жената со барање за целосна еднаквост

March 8, 2024
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ повикува на протести по повод Меѓународниот ден на жената со барање за целосна еднаквост

Во светлo на упорните борби на жената, овој ден треба да се смета како повод за протести кои се залагаат за еднаквост и праведност на жените, особено во свет кој останува претежно патријахален.

March 8, 2024 16:04
in ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Photo by Lindsey LaMont on Unsplash

Photo by Lindsey LaMont on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода се придружува кон глобалните повици за ставање крај на насилството врз жените и девојките и за искоренување на експлоатацијата и дискриминацијата од секаков вид.

Ова не е ден за славење, бидејќи жените ширум светот сé уште се цел на омраза, дискриминација и насилство. Силувањето останува како оружје за војна, а фемицидот е во пораст. Повеќе жени и девојки убиени во 2022 година, иако вкупниот број на убиства опаѓа, се наведува во новото истражување на UNODC и UN Women. Тоа е неприфатливо!

Популистите и екстремно десничарските групи низ политичкиот спектрум продолжуваат да се залагаат за забрана за абортусот и за третирање на жените како репродуктивни предмети, потчинувајќи ги на мажите.

Жените низ светот сé уште се борат да бидат третирани еднакво од секој аспект на социо-економскиот и политичкиот живот. Тие сé уште се борат за еднаква плата, репродуктивни права, право на образование, еднаков пристап до правда и можност да им се доверат улоги за донесување одлуки и други суштински потреби.

Официјално признаен од страна на Обединетите нации во 1977 година, Меѓународниот ден на жената се одбележува ширум светот на различни начини и во различен степен. И покрај разновидните прослави, од суштинско значење е да се препознаат и признаат непрекинатите предизвици со кои продолжуваат да се соочуваат жените во нашите општества. Во светлo на овие упорни борби, овој ден треба да се смета како повод за протести кои се залагаат за еднаквост и праведност на жените, особено во свет кој останува претежно патријахален.

Овогодинешната глобална тема е „Инспирирај инклузија“ (IWD). ЦИВИЛ ја поддржува оваа иницијатива преку објавување мислења и анализи за различни аспект од непрекинатата борба за правата на жените на својата медиумска платформа. Повиците за акција мора да бидат вистински и насочени кон системски и искрени промени кои ќе осигураат вистинска еднаквост и праведност на жените, отворајќи го патот за намалување и конечно искоренување на насилството и дискриминацијата врз жените.

#InspireInclusion

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Tags: 8 мартМеѓународен ден на жените
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ